Википедија:Викикамп Струга 2024

ВикиПроект
Викикамп Струга 2024

Викикамп Струга е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 11-13 октомври 2024 година, и е посветен тематски за „Климатски промени“. Проектот е во организација на Здружението Викимедија МКД. Годинава Викикампот се одржува во хотел Бисер, Струга. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија.

Цели и правила

уреди

Викикамп Струга е проект на Викимедија МКД, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество. Во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања.

Најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.

Програма

уреди

Детален преглед на програмата за Викикампот Струга 2024 може да се најде на службеното мрежно место за Кампот. Деталната програма вклучува детален опис на задолжителните активности планирани за овој Викикамп, како и дополнителните, спортско-рекреативни и забавни активности. Во прилог, сепак, се наведува грубата програмска шема на Викикампот:

  • Петок, 11 октомври 2024
15:00 - Тргнување од Скопје од пред Холидеј Ин, и пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување
19:00 - вечера
20:00 – 22:00 - Отворање на настанот, и потоа заедничко уредување и слободни активности
  • Сабота, 12 октомври 2024
8:00 – 9:00 - Утринска гимнастика пред појадок
9:00 - Појадок
10:00 – 12:00 - Предавања: Проф. д-р Игор Кузмановски на тема: „Глобално затоплување или климатски промени?“, м-р Ненад Шундовски на тема: „Зелена и праведна транзиција“, па потоа уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
13:00 – ручек и потоа прошетка во околината и заедничка/ групна фотографија
17:00 - 19:00 - Предавања: М-р Валентина Трајковска на тема: „Заштита на лични податоци“, а потоа заедничка игра со прашања и одговори.
19:00 – вечера
21:00 - 23:00 - Заедничка забава = која заврши само со заедничко дружење во холот и пред хотелот без музика, затоа што во хотелот имаше свадба со многу гласна музика.
  • Недела, 13 октомври 2024
8:00 – 9:00 - Утринска гимнастика пред појадок
9:00 - Појадок
10:00 – 11:00 - Заедничко уредување на Википедија,
13:00 – ручек, доделување на сертификати и награди за најуспешните, па напуштање на хотелот околу 14:30

Учесници

уреди

Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Викикамп Струга 2024/Учесници

Контакт

уреди

Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: obrazovanie@wikimedia.mk или посета на службеното мрежно место за Кампот, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, BosaFi.

Надворешни врски

уреди