Википедија:Археоекспедиции 2024

ВикиПроект
„Археоекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2024 година била организирана една археоекспедиција, со која биле опфатени археолошките наоѓалишта:

  1. Градиште кај Град — еднодневна експедиција (24 ноември).

Градиште

уреди

Кон крајот на годината решивме да го искористиме студениот ноемвриски ден за наша повторно посета на селото Град во областа Пијанец, кое ние веќе го имаме посетено во рамки на проектот „Викиекспедиции“ во 2018 година. Уште тогаш си рековме себеси дека ќе се вратиме во ова село, бидејќи имаше толку многу знаменитости, кои не успеавме во целост да ги забележиме. Така, во утринските часови се упативме кон Делчево, но со претходно застанување во Македонска Каменица за да појадуваме од познатиот бурек.

Самото археолошко наоѓалиште Градиште се наоѓа на врвот на ридот над селото и преовладува во самото село. Од тврдината се зачувани доста од бедемите и кулите и за него се вели дека наоѓалиштето најверојатно е доцноантичкиот град Армонија. До наоѓалиштето може да се дојде од двете страни во селото, но ние се одлучивме да го следиме текот на малата река низ селото и ја оставивме колата на само неколку стотина метри од тврдината. Пред да дојдеме до самата тврдина, од местото каде што ја оставивме колата, Кирил направи неколку фотографии од пештерата „Коњска Дупка“, која претставува најисточна пештера во Македонија.

Во поново време кај тврдината е подигнат крст, кој надвиснува над кулите и селото. Додека нашиот оператор на дрон го управуваше дронот за добри снимки и фотографии од тврдината, останатите членови прошетаа низ кулите и остатоците на тврдината.

Бидејќи уште при првата посета на селото мештаните ни кажуваа за некаков тунел под тврдината се упативме да го најдеме, за кој мештаните тогаш ни велеа дека бил дел од планот за изградба на пруга кон Бугарија. Најдовме и видео од друштво во Делчево, кое влегува во тунелот, кој е исполнет со вода. По малку барање каде точно се наоѓа влезот на тунелот, бидејќи истиот е целосно обраснат, успеавме да го најдеме и да влеземе само неколку метри во неговата внатрешност, бидејќи како што беше и на видеото, така беше и сега, истиот е исполнет со вода.

Пред да ставиме крај на нашата несекојдневна археоекспедиција, направивме понови и подобри фотографии од самото село, основното училиште и селската црква.

Статии

уреди
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[Податотека:|200п|]] wikidata:

Поврзано

уреди