Вигинтисексвири (лат.: vigintisexviri) е колегиум од пониски магистрати во Римската република; името буквално значи "дваесет и шест"[1].

Колегиумот се состоел од:

  • Decemviri stlitibus iudicandis - десет судии
  • Tresviri capitales, познати како nocturni - тројца судии со политички функции во Рим, одговорни за затворите и погубувањата врз криминалците;
  • Tresviri aere argento auro flando feriundo, познати и како tresviri monetales - тројца судии, одговорни за изработка на монетите;
  • Quattuorviri viis in urbe purgandis, познати и како quattorviri viarum curandarum - четворица судии, одговорни за одржувањето на патиштата во градот Рим;
  • Duoviri viis extra urbem purgandis, познати и како duoviri curatores viarum - двајца судии, одговорни за одржувањето на патиштата во околината на Рим
  • Четворица praefecti Capuam Cumas - префекти испратени во Капуа и Кума во Кампанија за да го надгледуваат судството таму.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. VIGINTISEXVIRI, Online Encyclopedia Архивирано на 29 декември 2008 г. (Originally appearing in Volume V28, Page 60 of the 1911 Encyclopedia Britannica) (анг.)