Вибрион
Вибрион | |
---|---|
![]() | |
Vibrio cholerae | |
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Proteobacteria |
Класа: | Gamma Proteobacteria |
Ред: | Vibrionales |
Семејство: | Vibrionaceae |
Род: | Vibrio |
Бактериите од родот Vibrio припаѓаат на фамилијата Vibrionaceae. Тоа се мали бацили, најчесто со „форма на запирка“ и се екстремно подвижни. Најпознатиот вид од овој род е Vibrio cholerae – организмот виновен за колерата. Постојат дваесетина видови од родот Vibrio.
Екологија Уреди
Живеалиште Уреди
Вибрионите се бактерии кои живеат во вода. Многу од нив се сапрофити кои живеат во слатка вода, но има и такви кои живеат во солена (мориња, делти на реки, дигестивниот систем на морски животни). Овие бактерии се халофили со што се објаснува нивната отпорност кон високи концентрации на морска сол (NaCl).
Патогени својства Уреди
Некои видови се патогени за човекот, додека некои за морските животни (рибите).
Видот Vibrio cholerae е одговорен за колерата, која е тешко заболување кај човекот, познато во историјата по големите светски епидемии. Оваа болест и денес претставува проблем во некои области, посебно во Африка и Индискиот Полуостров. Vibrio cholerae најчесто се пренесува преку заразена вода.
Vibrio parahaemolyticus предизвикува дегестивни инфекции и се внесува во организмот преку конзумирање на школки (остриги), ракови и свежа или недоволно обработена морска риба. Оваа бактерија е одговорна за бројни инфекции во Јапонија каде има голема консумација на свежа риба. Вибрионите имаат и токсични својства – лачат отров кој го пореметува функционирањето на организмот во кој се наоѓаат.
Видови кои спаѓаат во родот Vibrio Уреди
- Vibrio alginolyticus
- Vibrio anguillarum
- Vibrio carchariae
- Vibrio cholerae
- Vibrio costicolus
- Vibrio damsela
- Vibrio fisheri
- Vibrio fluvialis
- Vibrio furnisii
- Vibrio marinus
- Vibrio metschnikovii
- Vibrio natriegens
- Vibrio ordalli
- Vibrio parahaemolyticus
- Vibrio salmonicida
- Vibrio vulnificus
...
Особености Уреди
Микроскопски аспект Уреди
Вибрионите се грам негативни бацили, најчесто со специфична форма. Тие се долги 2 до 3 микрометри. Овие бактерии се многу подвижни, одлика која се должи на флагелумот. Нивните движења се брзи и со праволиниска траекторија.
Макроскопски аспект Уреди
Вибрионите формираат колонии со кружен облик и пречник од 2-3 милиметри. Овие колонии се транспарентни во првите 24 часа.
Култивирање Уреди
Вибрионите се аеробни бактерии што значи дека малку или воопшто не се развиваат во анаеробни услови. Тие се култивираат на обични хранливи подлоги, на температура помеѓу 10 °C и 40 °C, со оптимална pH малку над 7. Нивното размножување е доста брзо, спаѓаат во групата на бактерии кои немаат посебни метаболитички потреби. Вибрионите се култивираат во присуство на висока концентрација на NaCl поради нивната одлика на халофили. Постојат некои видови на вибрион кои не се способни да растат во услови каде нема NaCl. Овие бактерии се нарекуваат апсолутни халофили.