Вељо Мицевски
Вељо Мицевски (? во Битола — 12 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Вељо Мицевски | ||
Роден | Битола, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 12 ноември, 1944 година Скопје, Македонија |
Животопис
уредиСе преселил во Скопје и работел во скопската ложилница, како мијач на локомотиви. Прифатен бил од напредното движење во ложилницата и учествувал во разни акции против окупаторот. Во Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил во почетокот на септември 1944 година. Се покажал како мошне дисциплиниран, предан и совесен борец. Во составот на првата чета, вториот баталјон учествувал во сите борби на бригадата против непријателот. По очистувањето на теренот меѓу Китка и Треска од албанските балистичките банди, на 12 ноември, заедно со бригадата учествувал во нападот за ослободување на Скопје. Во уличните борби и при заземањето на зградата на бившиот офицерски дом, Вељо храбро загинал.[1]