Вејворд Пајнс (англиски: Wayward Pines) — американска мистерија и научнофантастична ТВ-серија, адаптирана од истоимените романи на Блејк Крауч. Развиена за телевизија од Чад Хоџ, пилотната епизода била режирана од М. Најт Шјамалан, при што и Хоџ и Шјамалан служеле како извршни продуценти. Серијата дебитирала на Fox на 14 мај 2015 г., а нејзината прва сезона завршила на 23 јули 2015 г.

Вејворд Пајнс
Плакатот на македонски јазик
Жанр
Развиена одЧад Хоџ
Улоги
Композитор(и)Чарли Клаусер
Земја на потекло САД
Првичен јазик
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди20
Производство
Извршен продуцент(и)
Продуцент(и)
МестоположбаБританска Колумбија, Канада
Кинематографија
Уредници
  • Док Кроцер
  • Тим Миркович
  • Мајкл Рушио
  • Лео Тромбета
Времетраење42 — 44 минути
Продукциска куќа
Прикажување
Првична мрежаFox
Првично прикажување14 мај 2015 – 27 јули 2016
Надворешни врски
Мрежна страницаfox.com/wayward-pines

На 9 декември 2015 г., Fox ја обновил „Вејворд Пајнс“ за втора сезона, која се прикажувала од 25 мај до 27 јули 2016 г.[1] Серијата на крајот била откажана во 2018 г.[2]

Серијата била прикажана и во Македонија, на каналот Fox.

Содржина

уреди

Агентот на Тајната служба Итан Берк пристигнува во гратчето Вејворд Пајнс, Ајдахо, за да го истражи исчезнувањето на двајца федерални агенти — од кои едниот е неговата поранешна љубовница Кејт Хјусон. Меѓутоа, на пат до таму, тој има несреќа и се буди во болницата во градот, каде што го запознава д-р Џенкинс. Итан брзо забележува чудни правила во Вејворд Пајнс: жителите постојано се надгледуваат, општењето со надворешниот свет е невозможно, а градот е ограден со висок ѕид со наелектризирана ограда. Месниот шериф му соопштува на Итан за строгите правила, вклучително и никогаш да не разговара за минати животи и секогаш да одговара на телефонот кога ќе заѕвони. Некои жители на градот тајно планираат бегство.

За време на обидот за бегство, Итан успева да излезе подалеку од ѕидот и ја открива шокантната вистина: годината е 4028. Светска пропаст ја преобразила Земјата, сега преплавена од мутирани суштества наречени абија (еднина: аби, скратено од англ. aberration = „неприродност). Вејворд Пајнс е основана од научници што ја предвиделе оваа иднина и се зачувале во криогенски сон, будејќи се 2.000 години подоцна за да создадат „безбедна“ заедница. Д-р Џенкинс, всушност Дејвид Пилчер, го води овој опит, кој треба да му даде на човештвото нов почеток. Додека некои жители ја знаат вистината, повеќето биле донесени во Вејворд Пајнс без согласност.

Обидите за бегство го загрозуваат опстанокот на градот, бидејќи абијата постојано се обидуваат да ги пробијат ѕидовите. На крајот на првата сезона, Итан умира бранејќи го градот, и настанува мала граѓанска војна. Предводени од синот на Итан, Бен, бунтовниците (Опозицијата) од второто поколение на градот успеваат да го затворат постојаниот надзор. Меѓутоа, залихите во Вејворд Пајнс почнуваат да се намалуваат, и жителите мораат да се осмелат да излезат надвор од ѕидовите за да одгледуваат храна. Заедницата се соочува со избор: да се врати на криогенски сон, иако нема доволно соби за секого, или да најде начин да преживее надвор.

Улоги

уреди
Глумец Улога
Мет Дилон Итан Берк
Карла Гуџино Кејт Хјусон
Тоби Џонс Дејвид Пилчер / д-р Џенкинс
Шенин Сосамон Тереза Берк
Рид Дајмонд Харолд Болинџер
Чарли Тахан Бен Берк
Џулиет Луис Беверли Браун
Тим Грифин Адам Хаслер
Мелиса Лио Памела Пилчер
Теренс Хауард шериф Арнолд Поуп
Џејсон Патрик д-р Теодор Једлин
Нимрат Каур Ребека Једлин
Џош Хелман Ксандер Бек
Том Стивенс Џејсон Хигинс
Кејси Рол Кери Кемпбел
Хоуп Дејвис Меган Фишер
Џимон Хансу Кристофер Џејмс „Сиџеј“ Мичем
Кристофер Маер Марио

Епизоди

уреди
Сезона Епизоди Датуми на објавување
Почнала Завршила
1 10 14 мај 2015 23 јули 2015
2 10 25 мај 2016 27 јули 2016

Наводи

уреди
  1. „M. Night Shamalan's 10-Episode Psychological Thriller 'Wayward Pines' Returns Wednesday, May 25, on FOX“. The Futon Critic. March 3, 2016. Посетено на March 3, 2016.
  2. Ahr, Michael (27 February 2018). „Wayward Pines Officially Canceled“. Den of Geek (англиски). Архивирано од изворникот на July 6, 2022. Посетено на 2019-12-05.

Надворешни врски

уреди