Вечниот маж
Вечниот маж (руски: Вечный муж) — роман на рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски, првпат бил објавен во 1870 година.[1]
Корица на Вечниот маж (1871) | |
Автор | Фјодор Достоевски |
---|---|
Изворен наслов | Вечный муж |
Јазик | руски |
Жанр | роман |
Издавач | Рускиот гласник (во продолженија) |
Издадена | 1870 |
Содржина
уредиАлексеј Иванович Велчанинов е сопственик на земјиште, тој останува во Санкт Петербург на судење за парче земја. Во неговиот дом, доааѓа Павел Павлович Трусоцки, стар познаник кој од неодамна станал вдовец. Велчанинов бил во врска со сопругата на Труцоски, Наталија и открива дека е биолошки татко на Лиза, осумгодишна ќерка на Трузоцки. Велчанинов, кој не сака Лиза да ја одгледува алкохоличар, ја носи во семејство што ќе се грижи за неа.
Трузоцки сега сака да се ожени со Надија, петнаесетгодишната ќерка на државниот службеник Закљyобинин. Таа е шеста ќерка од осум. Труцоски го носи Велчанинов со себе за да ја посети неговата свршеница и да однесе подарок. Трузоцки е исмејуван од ќерките на Закљyобинин кои го затвораат за време на играта на криенка. Надија му го дава, враќа, подарокот од Трузоцки на Велчанинов, замолувајќи го да му го врати на Труцоски и да му каже дека не сака да се омажи за него. Надија тајно се вери со Александар Лобов, деветнаесетгодишно момче.
Труцоски ја минува ноќта во домот на Велчанинов и се обидува да го убие со нож за бричење. Велчанинов успева да се одбрани, повредувајќи се во левата рака.
Нешто подоцна, кога Велчанинов го добива судењето, двајцата повторно се среќаваат на железничка станица. Трузоцки е повторно оженет, но еден млад армиски офицер патува со него и неговата сопруга. Новата сопруга на Труцоски го поканува Велчанинов да ги посети, но Труцоски го замолува да ја игнорира оваа покана.[2]
Критички осврт кон романот
уредиРоманот е трагикомедија. Главниот трагичен настан е смртта на Лиза. Комичниот елемент е ликот на Труцоски, кој се чини дека е предодреден да биде поразуван постојано.
„Вечниот маж“ е еден од помалку познатите романи на Достоевски. Темата на измамениот сопруг е прикажана на помалку трагичен начин отколку во неговите други романи, но некои критичари сметаат дека овој роман е рангиран меѓу неговите најдобри дела поради неговиот стил и структура. Алфред Бем го нарекува „едно од најкомплетните дела на Достоевски во однос на неговата композиција, состав и развој“.[3]
Македонско издание
уреди„Вечниот маж“ била издадена на македонски јазик во 1967 година од издавачката куќа Мисла преведена од Трајан Бавтировски.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ Вечный муж
- ↑ Федор Достовевский – Вечный муж
- ↑ Русская историческая библиотека
- ↑ „Вечниот маж“. Библиотека. Посетено на 12 февруари 2021.
- ↑ „Вечниот маж“. rusneb.ru. Посетено на 12 февруари 2021.
Надворешни врски
уреди- «Вечный муж» в проекте «Федор Михайлович Достоевский. Антология жизни и творчества»
- Отдельное прижизненное издание Вечный муж. Рассказ Федора Достоевского. СПб.: Изд. книгопродавца А.Ф. Базунова. Тип. В. Безобразова и Комп., 1871. (239 с.)
- Иван Верч. «Вечный муж» Ф. М. Достоевского и некоторые вопросы о жанре произведения
- Комментарии Г. М. Фридлендера к повести
- А.Б. Криницын. Сюжетно-мотивная структура повести «Ф.М. Достоевского «Вечный муж» Архивирано на 24 септември 2021 г.