Ероманго

(Пренасочено од Вете Манунг)


Ероманго (бислама: Erromango, еромангански: Nelocompne) е остров во покраината Тафеа во Вануату. Со своите 891.9 км2, островот е најголем во покраината Тафеа и четврт најголем во Вануату.

Ероманго
Познат и како Нелокомпне
Nelocompne
Карта на Ероманго
Географија
МестоТихи Океан
Координати18°48′50″S 169°07′22″E / 18.81389° ЈГШ; 169.12278° ИГД / -18.81389; 169.12278
АрхипелагВануату
Површина891,9 км2
Должина48 км
Ширина30 км
Највисоко место886 м
Највисока точкаСантоп
Држава
ПокраинаТафеа
Најголема населбаУпогкор
Демографија
Население2,084 (2009)
Густина2,34 /km2 (606 /sq mi)
Етнички групиВануаќани
Дополнителни податоци
Часовен појас

Географија

уреди

Вкупната површина на Ероманго е 891.9 км2. Најголемата должина на островот е 48 км, а ширината е од 20 до 30 км. Највисока точка е Сантоп со 886 метри надморска висина. Островот се наоѓа на следните координати 18°37'Ј и 18°59'Ј и 168°59'И и 168°20'И.[1] Во непосредна близина на Ероманго е островчето Вете Манунг, кој е на 15 км североисточно од Ероманго.[2]

Средишниот дел на островот е сочинет од вулканот Сантоп.[3] Островот е дел од Меланезија. Островот е покриен со густа зелена шума, а на западниот дел има густа тревна вегетација.[4]

Како и останатите острови во Вануату, така и Ероманго е со вулканско потекло.[5]

Население

уреди

Според пописот од 2009 година, Ероманго имал население од 1,959 жители.[6] Просечниот годишен природен прираст е 2.2%,[7] и на островот има 325 домаќинства.[8] Најголеми села се Дилонс Беј, Потнарвин и Ипота.

Јазици

уреди

Пред доаѓањето на Европејците, Ероманго важел за доста разновиден во јазична смисла. По доаѓањето на Европејците, островот изгубил од 76% до 83% од староседелските јазици. Според јазичарот Тери Кроули, после Австралија, Ероманго доживеал најголема јазична катастрофа во Океанија.

Денес преживеал само ероманганскиот кој го зборуваат околу 90% од населението.[8] Of Erromangans over the age of five, 63.6%[9] 63 проценти од населението се писмени на бислама,[10] на англиски 62.0% а на француски само 19% од населението.[11]

Сообраќај

уреди

На островот има две писти, односно аеродрома: Аеродром Дилонс Беј и Аеродром Ипота.

Наводи

уреди
  1. Siméoni, Patricia (2009). Atlas du Vanouatou (Vanuatu) (француски) (Première. изд.). Port-Vila: Éditions Géo-consulte. стр. 85. ISBN 978-2-9533362-0-7.
  2. „Vete Manung Island, Vanuatu - John Seach“. travel.vu. Vanuatu Travel. Архивирано од изворникот на 2021-02-05. Посетено на 11 June 2019.
  3. Siméoni 2009, p. 85.
  4. Siméoni 2009, p. 88.
  5. Brookfield, H.C.; Hart, Doreen (1971). Melanesia. London: Methuen & Co Ltd. стр. 30. ISBN 0416-70290-2.
  6. Vanuatu National Statistics Office (2009a). „2009 National Population and Housing Census Basic Tables Report Volume 1“. http://vnso.gov.vu. стр. 168. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-28. Посетено на 2014-12-04. Надворешна врска во |website= (help)
  7. Vanuatu National Statistics Office (2009b). „2009 Census Summary Release“. vnso.gov.vu/. Port Vila: Vanuatu National Statistics Office. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-11-15. Посетено на 2014-12-09.
  8. 8,0 8,1 Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 13.
  9. Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 101.
  10. Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 97.
  11. Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 99.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди