Весник (1942)
Весник (1942) — орган на Месниот комитет на КПЈ - Скопје.[1]
Весникот излегувал во периодот од 2 мај до 15 јуни, 1942 година. Бил печатен на партиската техника на Месниот комитет за Скопје, на 8-10 страници, во 500-600 примероци. Вкупно во печат излегле седум броеви, а од нив сочувани се само три.[1] Од името на МК КПЈ за Скопје, со уредувањето и печатењето на весникот раководела Веселинка Малинска.[2] Истиот бил печатен на македонски јазик.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 102. ISBN 9989-624-46-1.
- ↑ Haan, Francisca de; Daskalova, Krasimira; Loutfi, Anna (2006-01-01). Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries (англиски). Central European University Press. стр. 297. ISBN 978-963-7326-39-4.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |