Ланец
(Пренасочено од Верига)
Ланец[1], верига[2] или синџир[3] е низа од поврзани делови, наречени алки, вообичаено направени од метал, слична на јажето според флексибилноста и виткањето, но поцврста и отпорна на притисок. Ланците се разликуваат според намената: едни служат за кревање, прицврстување, врзување, обезбедување; други служат како накит; трети служат за пренос на механичка сила во машините.
Ланецот како мотив во книжевноста
уреди- „Ланци“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[4]
- „Врзан во ланец“ (англиски: Tied Up In Chain) — песна на новозеландската рок-група Чилс (The Chills) од 1990 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ „ланец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „верига“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „синџир“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 406.
- ↑ DISCOGS, The Chills – Submarine Bells (пристапено на 17.8.2021)