Велики понеделник

(Пренасочено од Велики Понеделник)

Велики понеделник или Велипонеделник — ден од Страстната седмица. Според источното христијанство тој е трет ден од Страсната седмица, односно ден по Лазаровата сабота и Цветници. А според западното христијанство тој е втор ден од Страсната седмица, односно ден по Цветници.

Велики понеделник
Велики понеделник
Проколнувањето на јаловата смоква. Византиска икона
Наречен иВелји Понеделник
Го празнува(ат)Христијанските и нехристијански земји
Видхристијански
Датумден по Цветници, 6 дена пред Велигден
ПоврзаноЦветници, Велигден

Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот суд. На Велики понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот, но и човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.[1]

Житие

уреди
 
Јосиф станува владетел на Египет. Библиска илустрација од 1900-тите години

На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозаветен патријарх е праобраз на безгрешното страдание на Бога. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е предаден и продаден. На крајот, Јосиф завладува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и го храни човештвото со небесниот Леб - со Своето Тело и Својата Крв.

Обичаи

уреди

На Велики понеделник, како и на Велики вторник и Велика среда се извршува чинот мироварение. Тоа е определеното време кога се подготвува и деноноќно се вари мирото, кое содржи над 40 разновидни миризливи состојки како дар од богосоздадената природа. Се вари без застој, дење и ноќе, а во текот на варењето непрестајно се чита Евангелието. Така подготвеното миро се осветува и се добива светото миро, за миропомазување и за осветување.

Наводи

уреди
  1. Православље: Велики понедељак, приступ 13.5.2013