Велики вторник

(Пренасочено од Велики Вторник)

Велики вторник — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е четврт ден од Страсната Седмица, односно два по Лазаровата Сабота и ден по Цветници. А според западното христијанство тој е трет ден од страсната седмица, односно два дена по Цветници. На овој ден се прави спомен за десетте девојки девици.[1]

Велики вторник
Велики вторник
Страшниот суд и приказната за десетте девици. Непознат фландриски сликар, XV век]]
Наречен иВелји вторник
Го празнува(ат)Христијанските и нехристијански земји
Видхристијански
Датумден по Велики Понеделник, 5 дена пред Велигден
ПоврзаноЦветници, Велигден

Спомен

уреди

На светиот и Велики вторник се прави спомен на параболата за десетте девојки. Пет од нив ги именува мудри, затоа што на девството тие му го придодале и изобилното масло на милосрдието, а пет – луди, кои исто така го имаат девството, но го немаат милосрдието – елејот. Затоа лудите (неразумни) девојки, иако го имале поголемиот дел, го занемариле она помалото, па поради тоа во ништо не се разликувале од блудниците. Ако последните (блудниците) грешеле со телото, тие таму грешеле со нивното богатство. Бидејќи ноќта на овој живот изминува, сите девојки заспале, односно умреле, бидејќи овде сонот ја означува смртта. Додека тие спиеле, среде ноќта се слушнал повик и, оние што имале доволно масло, кога се отвориле вратите, влегле со Младоженецот, додека лудите (неразумните), кои немале доволно масло, го барале во мракот. Мудрите, иако сакале да им дадат од своето, не можеле и, пред влегувањето на Младоженецот, им рекле: „Ова нема да биде доволна за вас и за нас; затоа одете кај продавачите, односно кај бедните, за да си купите“. Но, по смртта, тоа не е можно. Но лудите (девојки), кога дошле непросветлени (без запалени свеќи), тропајќи на вратата, викале: „Господару, Господару, отвори ни“. А самиот Господ им дал страшен одговор: „Одете си, не ве познавам!“

Обичаи

уреди

На Велики вторник, христијаните ги подготвуваат јајцата за вапцување. Секогаш одбирале пресни јајца „за зародишот да е пресен“. Јајцата се броеле и се планирале според бројот на членовите во семејството, при што се водело сметка и за тие што не биле дома.

Наводи

уреди
  1. Kallistos (Ware), Bishop; Mary, Mother (1978), The Lenten Triodion, South Canaan PA: St. Tikhon's Seminary Press (објав. 2002), стр. 59–60, ISBN 978-1-878997-51-7

Надворешни врски

уреди