Велигденче

вид растение

Велигденче или медуника (научPulmonaria officinalis) — зелјесто растение и едно од првите кое цветаат во пролет. Има ризом. Расте само или во грмушки, стеблото е високо до 30, листовите блиску до земјата се со петелка, а горните се седечки. Листовите се зелени, а можат да имаат и бели дамки. Цветовите се развиваат на врвот од стеблото, со црвено-виолетова боја (во зависност од возраста на цветот).

Велигденче
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Лисичинковидни
Семејство: Лисичинки
Род: Велигденче
Вид: Велигденче
Научен назив
Pulmonaria officinalis
L.
Синоними
  • Pulmonaria maculosa Liebl.
  • Pulmonaria officinalis subsp. maculosa (Hay) Gams.

Расте речиси насекаде, распространето е низ цела Европа: по ливади и шуми, најмногу му одговара влажно и длабоко земјиште. Се користи како лек за белодробни заболувања и кашлица (оттука доаѓа и неговото име во српскиот јазик плућњак). Корисен е и за чистење на крвта и нејзино зајакнување. Младите ластари се богати со витамини и можат да се јадат и како салата. При берење треба да останат недопрени најмалку 30% од растенијата.

Наводи

уреди
  1. Chadburn, H. (2014). Pulmonaria officinalis. Црвен список на загрозени видови. 2014: e.T202970A2758321. doi:10.2305/IUCN.UK.2014-1.RLTS.T202970A2758321.en. Посетено на 18 ноември 2021.

Надворешни врски

уреди