Велешки срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

     Велешкиот срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Организација и население

уреди

Кралство Србија

уреди

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Велешкиот срез припаѓал на Скопскиот округ, заедно со Скопскиот и Качаничкиот срез. Како центар на срезот бил градот Велес. Во 1913 година тој имал 30 општини, со 85 села, еден град и 5 манастири. Градското населние изнесувало 15.624, додека селското население изнесувало 34.412 жители.[1]

Велешкиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часа е оддалечена

општината од Велес

Жители
1 Бањичка 4 3:30 774
2 Башино-селска 4 0:30 1624
3 Бистричка 2 9 1796
4 Богомилска 3 9:15 2040
5 Владиловска 4 5 896
6 Водовратска 2 4:30 1226
7 Војничка 1 3:30 854
8 Врановачка 1 5 2654
9 Иванковачка 2 3 1457
10 Јабучишка 2 10 897
11 Карасларска 4 1:15 970
12 Кочиларска 3 2 1039
13 Крајничка 2 5:30 972
14 Лисичка 2 4 1082
15 Мелничка 1 ?[2] 1908
16 Оморанска 2 6:30 927
17 Ораховачка 3 2 650
18 Орахов-долска 3 2:15 1371
19 Орешка 2 11 940
20 Оризарска 2 0:45 950
21 Подлешка 2 5:30 1413
22 Рудничка 4 2:30 693
23 Скачинска 3 3:30 754
24 Слпска 4 4:15 636
25 Старо-градска 5 4 1031
26 Сујакларска 4 2:45 821
27 Теовска 2 ?[2] 1152
28 Црквишка 3 3 982
29 Чашка 6 3:30 653
30 Чичевска 3 6:15 1250

Кралство СХС

уреди

Во 1921 година, срезот исто така имал 30 општини и еден град. Градот Велес имал 14.155 жители, а велешката околина имала 29.174 жители.

Јазик

уреди

Во градот Велес 72% од населението говорело српски или хрватски[3], додека 26% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во целиот срез, 73% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот (21%).[4]

Јазици 1921 година
Јазик Велешка околина Град Велес Вкупно %
Српски или хрватски 21520 10253 31773 73.32
Турски 5680 3718 9398 21.68
Други 1974 184 2158 5

Религија

уреди

Во градот Велес 73% од населението било православно, додека 27% биле муслимани. Од другата страна пак, во велешката околина 59% биле православни и 41% биле муслимани.

Религија 1921 година
Религија Велешка околина Град Велес Вкупно %
Православни 17159 10295 27454 63.36
Муслимани 12011 3806 15817 36.50
Други 4 54 58 0.14

Кралство Југославија

уреди

Во 1931 година, велешкиот срез имал 23 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 13,445, додека селското население било 28.791. Целиот срез имал 42.236 жители. Како православни се изјасниле 70% од жителите, додека како муслимани 28%.[5]

82% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[6], додека 13% говореле на друг јазик (во најголем дел турски).

Наводи

уреди
  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. 2,0 2,1 Не е наведено.
  3. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. Во иста графа.