Велес – прва слободна зона од Генетски Модифицирани Организми (ГМО)
Велес – прва слободна зона од (ГМО) e ицијатива покрената од Еколошко Друштво Вила Зора и Центарот за поддршка на НВО секторот во Велес да се забрани увозот на ГМО во Велес и Македонија.
Опис
уредиГраѓаните од Велес под иницијатива на ЕД „Вила Зора“ организирале масовно собирање на потписи за петиција „Не за увоз на храна со Генетски Модифицирани Организми “. Во Општина Велес почвата со децении е премногу загадена од работењето на Топилницата за олово и цинк. Со внес на ГМ организмите би се создала сериозна закана по животот и здравјето на жителите и природата. Генетски Модифицирани Организми според научниците предизвикуваат стерилност на почвата и уништуваат дел од биодиверзитетот. Причина повеќе граѓаните да ја подржат иницијативата и да го стават својот потпис против внесување на ГМО во нивниот град. Екологистите и граѓаните сметале дека со оваа иницијатива ќе се заштитат граѓаните од недекларирана и опасна храна по нивното здравје. На 28 април 2006 година Советот на Општина Велес едногласно донел одлука Општина Велес да се прогласи за прва слободна зона од Генетски Модифицирани Организми (ГМО)[1]. Со оваа одлуката на Советот на Општина Велес се забранува внесување, одгледување, продавање и производство на било какво растение, храна или животно со Генетски Модифицирани Организми (ГМО). Оваа одлука е многу важна за жителите на Општина Велес. Историски Општина Велес е прва општина на Балканот која се прогласила за слободна зона од ГМ организмите.
Во Македонија има пет општини прогласени за ГМО слободни зони и во нив не е дозолено производство на таква храна. Станува збор за Велес, Валандово, Василево, Могила и Охрид.
Галерија
уреди-
Граѓани се потпишуваат на петиција против увоз на храна со ГМО
-
Граѓани се потпишуваат на петиција против увоз на храна со ГМО
-
Граѓани се потпишуваат на петиција против увоз на храна со ГМО во Велес
-
Граѓани се потпишуваат на петиција против увоз на храна со ГМО на плоштад Сар Маале во Велес
-
Граѓани се потпишуваат на петиција