Вединг (германски: der Wedding) — населба во округот Мите, Берлин. До 2001 година Вединг била посебна општина кога се обединила со Тиргартен и Мите. Поранешна општина Вединг припаѓала на област Гезундбрунен.

Станицата Берлин-Вединг

Историја

уреди

Во 12 век, имотот на благородникот Рудолф де Вединг се наоѓал веднаш до малата река Панка, во близина на денешниот Нетелбекплац. До средината на XVIII век, Гезундбрунен бил област во кој преовладувале криминал и проституција, а откако се споил со Вединг, станал мирен и пријатен крај.

Континуираните миграции кон крајот на XIX век направиле Вединг да стане работничка населба. Работниците живееле во мали тесни станбени згради. Пред Втората светска војна, Вединг бил познат како „Црвениот Вединг“, бидејќи тука живеела работничка класа, главно од комунистите.[1]

По војната, Ведин заедно со Рајникендорф, влегол во францускиот окупациски сектор. Денес, Вединг е еден од најсиромашните делови на Берлин со висока стапка на невработеност од речиси 26%. Речиси 17% од популацијата на Вединг живеат на социјална помош, а 27% имаат многу ниска куповна моќ.[2] Странците сочинуваат околу 30% од населението, главно Турци, Иранци, Курди и сите нации од територијата на СФР Југославија.

Наводи

уреди
  1. Marhoefer, Laurie. „How Should We Protest Neo-Nazis? Lessons from German History“. Salon. Посетено на 29 August 2017.
  2. August 2004, MieterEcho 305. Accessed 2012-11-09.

Надворешни врски

уреди