Веб Адресар претставува листинг кој има за цел да ги поврзе сите мрежни места чиишто контекст содржи македонски јазик, или нудат производ, услуга, општо добро во или за Македонија. Нуди лесна навигација која е пропратена со многу софистицирано пребарување при што успева да го задржи вниманието на крајниот корисник.Со учеството во Веб Адресар се добива подобро индексирање на мрежното место од страна на Google, Yahoo, MSN, Bing, при што директно се зголемува посетеноста на мрежните места, а со тоа се удвојуваат и можностите да бидете пронајдени од страна на секојдневните корисници на семрежјето, без разлика дали тие пребаруваат за некоја специфична категорија, поизвод, услуга, општо добро, град, општина.

Веб Адресар
Веб Адресар
Адресаkoockle.com

Веб адресари, историја, неопходност, значење уреди

Веб листинзите(или како што се популарно наречени адресари за пребарување) постоеле уште пред да станат популарни пребарувачите како што се Google, Yahoo, Bing. Како што и самото име кажува, веб адресарите претставуваат адресари каде се собрани мрежни места со различни намени. Слично како и десктоп директориумите, каде се складираат и собираат фајлови врз основа на некои критериуми, веб адресарите функционираат на истиот принцип но разликата е во тоа што тие се огромна колекција од врски на страници подредени во различни категории. мрежните места во веб адресарите се листаат и прикажуваат по одреден редослед и тоа најчесто според категорија, производ-услуга, географска одредница, а корисниците пребаруваат низ нив затоа што многу полесно целат на бараната потреба за некој производ или услуга.

Факт е дека од големо значење е Вашата страна да биде прикажана во значајни и угледни веб адресари со што како прво градите повратна врска, како второ Вашата видливост за останатите пребарувачи е многу поголема а со тоа се зголемуваат и шансите Вашата страна да биде индексирана од нивна страна. Како најважен факт може да се оддели постоењето и уникатноста на мрежното место во рамките не секој адресар затоа што според одредени студии Вашиот потенцијален клиент за да ги пронајде Вашите производи-услуги пребарува за производот, услугата, геграфската одредница, што му е потребна, а притоа не ја наведува адресата на вашето мрежно место.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди