Сферно огледало

(Пренасочено од Вдлабнато огледало)

Сферно или закривено огледало е огледало кое е дел од површина на сфера кое правилно ги рефлектира светлинските зраци.

Одраз во лампион, кој може да се смета за испакнато огледало
Приказ на испакнато огледало со неговото жариште, жаришно растојание, центар на закривеност и главна оска.
Испакнато огледало на железничка станица

Кога огледалната површина е вдлабната, сферното огледало се нарекува „вдлабнато“ (конкавно), а кога е испакнатата, огледалото ќе биде „испакнато“ (конвексно).

Центарот на закривеност О, е центар на сферата чиј дел е огледалото и се нарекува оптички центар. Точката Т, што се наоѓа на средината е теме на огледалото. Правата што поминува низ центарот и темето е главна оптичка оска.

Добивање на ликови во огледала

уреди

Со приближување на предметот кон огледалото се добива лик (одраз) што е веродостоен, зголемен и превртен. Колку се приближува предметот кон огледалото ликот е се подалеку и поголем.

Кога предметот е во жариштето (фокусот), повеќе не може да се добие лик што се фаќа на екранот. Одбиените зраци на огледалото се одбиваат како паралелен сноп. Исто така, реален лик на предметот не се добива кога предметот е поставен меѓу жариштето и огледалото. Ликот добиен во тој случај е зголемен, исправен и неверодостоен.

За конструирање на ликови кај сферните огледала по геометриски пат, се користат најмалку два од карактеристичните зраци:

  • зрак кој поминува низ центарот на огледалото во правецот на полупречникот, кој по одбивањето се враќа по истиот пат; (а).
  • зрак кој тргнува од предметот, паралелен со оптичката оска, и по одбивањето поминува низ жариштето и обратно, зракот што минува низ жариштето по одбивањето е паралелен со оската; (б).
  • зрак кој паѓа во темето на огледалото под агол алфа спрема оптичката оска, се одбива на другата страна на оптичката оска под ист агол. (в).

Врската меќу растојаниетo p, од предметот AB, до темето T, нормалното растојание l, на ликот A1B1 од темето и жаришно растојание f, се изразува со равенката:  

Ликот добиен во испакнато огледало, независно од растојанието на предметот од темето, е намален, исправен и нереален.

Примена на сферните огледала

уреди

Вдлабнатите сферни огледала наоѓаат широка практична примена. Тие се составни делови на многу оптички уреди. Бидејќи со нив може да се менува меѓусебниот однос на светлинските зраци, тие се користат кај рефлекторите, фаровите на автомобилите, локомотивите, џебните ламби и др. Кај нив светлинскиот извор се поставува во жариштето на вдлабнатото сферно огледало. По одбивањето од сферното огледало, зраците даваат паралелен сноп светлина.

Сонцето дава голема светлинска енергија. Кога ќе се распоредат неколку големи вдлабнати огледала, така што жариштата да им се поклопуваат, тогаш во жариштето се добива многу висока температура на која можат да се топат метали. Тоа е сончева печка.

Испакнатите сферни огледала имаат помала примена. Во нив, на мала површина можат да се видат повеќе предмети. Затоа се користат на ретровизори кај автомобилите, автобусите и др., каде возачите преку нив можат да гледаат што се случува зад нив или од страна на возилото.

Поврзано

уреди