Васил Гиноски е зограф и резбар, претставник на Дебарската школа.

Василиј Гиноски
Роден Галичник, Османлиска империја
Починал 1924

Биографија

уреди
 
Свети Кирил и Методиј, западна фасада на католиконот на Бигорскиот манастир, дело на Василиј Гиноски, 1871 г.

Васил Гиноски е роден во дебарската паланка Галичник, Западна Македонија. Тој е најмал син на Крсте Гиноски. Учи во Русија. Единственото зачувано потпишано дело во Македонија му се фреските на западната фасада на црквата во Бигорскиот манастир од 1871 година: „При смиренаго игумена нашего архимандрита Михаила изображенъ бъсть сей притвор церковенъ Василiемъ Гиновскiи ѿ село Галичникъ, 1871“[1] Со поголемиот брат Панајот Гиноски работел во Врање и Врањско.

Во 1867 година работи на украсувањето на Синан-пашината џамија во Призрен. Во истата година го изработил иконостасот и ја живописал црквата „Свети Никола“ во Љубижда и ја насликал иконата „Богородица со Христос“ во црквата „Свети Никола“ во Гнилане. Во 1874 година го исписал иконостасот на црквата „Воведение Богородично“ во Бело поле, работел во Пеќската патријаршија и заедно со братот Алексо го исписал иконостасот на Будисавскиот манастир. Како „Василије Крстевић из села Галичника“ ја потпишал недатираната икона на Свети Василиј од црквата „Свети Никола“ во Косовска Каменица.

 
Иконостасот во црквата „Св. Никола“ во Нови Пазар

Во 1876 година Васил, Теофил, Алексо[1] и Панајот Гиноски[2] го изработиле иконостасот на црквата „Свети Никола“ во Нови Пазар (1871). Колективното авторство е потврдено од натпис на иконата на Исус Христос на владичкиот престол, од кој се дознава, дека во 1876 година при Мелетиј архиепископ Пеќски и митрополит Рашко-Призренски и Скендериски е исписан иконостасот и архиерејскиот престол од „Браћа Кр. Даскаловићи Ђиноски од с. Галичника Нахје Дибарске“. Браќата Гиноски насликуваат опширна програма на икони. Иконостасот е замислен како висока триредова олтарна преграда со монументални размери. Това е и најобемното и најкомплексното уметничко дело на браќата Гиноски и е една од најсложените олтарни прегради во српските цркви од XIX век.[1] Се состои од 107 икони со нееднаков квалитет, а најуспешни дела се престолните икони и неколку старозаветни сцени на парапетни плочи.[3]

Од Партениј Зографски ја добил „Стематографијата“ на Христофор Жефарович и ја користел во својата работа. Заедно со браќата Алексо и Теофил се населил во Црна Гора, каде што работеле на иконостаси.[4] Василиј Гиноски е еден од организаторите на претставувањето на Црна Гора на Големата балканска изложба во Лондон во 1910 година. Кралот Никола I го одликувал со Данилов орден V степен, носител е и на највисокиот орден на Руското царско графичко друштво.[4]

Гиноски се најважните и најдоминантните иконописци на новиот сакрален живопис на Црна Гора. Тие исписале вкупно повеќе од 90 иконостаси, притоа покажувајќи висок уметнички и иконографски дострел. Во црквата „Вознесение Господово“ во село Краље, Васил Гиноски го насликал и портретот на ктиторот на црквата Јосиф Лекиќ со моделот на неговата задужбина. Тоа покажува дека се занимавал и со световна уметност.[1]

Родословие

уреди
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Гино
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Петар Гинов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Иван Петров
 
Михаил Петров
 
Нестор Петров
 
Крсте Петров
(? — 1886)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Трпко Иванов
(1849 — ?)
 
Караџа Иванов
 
Иван Иванов
 
Алексо Крстев
(1851 — 1894)
 
Василиј Крстев
(? — 1924)
 
Теофил Крстев
(? — 1894)
 
Панајот Крстев
(1842 — 1886)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јован Трпков
(1878 — 1908)
 
Велимир Караџов
(1912 — ?)
 
Тома Иванов
 
Коста Иванов
 
Миливој Василев
 
 
 
Велимир Панајотов
 
Љубомир Панајотов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Владимир Костов
(1927 — 2014)
 
 
 
 
 
 


Наводи

уреди
  1. Отиди кај: 1,0 1,1 1,2 1,3 Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството (српски). 48 (4): 20.[мртва врска]
  2. Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството (српски). 48 (4): 23.[мртва врска]
  3. „Црква Св. Николе“ (српски). Информациски систем непокретних културних добара. Посетено на 14 ноември 2021 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Отиди кај: 4,0 4,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 358–359. ISBN 978-608-203-023-4.