Варлам Тихонович Шаламов (1907-1982) - руски писател, поет и новинар.

Варлам Шаламов
Роден 18 јуни 1907(1907-06-18)
Волоград, Руска Империја
Починал 17 јануари 1982(1982-01-17) (возр. 74)
Москва, СССР

Животопис

уреди

Шаламов бил затвореник во логорот Гулаг. Во 1956 година, тој бил рехабилитиран и му било дозволено да се пресели во Москва, каде работел како дописник на книжевното списание „Москва“.[1]

Творештво

уреди

Своите искуства од заробеништвото во Гулаг, Шаламов ги опишал во збирката раскази „Приказни од Колима“. Неговите логорски раскази биле прокриумчарени на Запад, каде биле издадени во 1966 година, а во Русија биле објавени како самиздат. Целосното издание на овие раскази се појавило во Лондон во 1978 година, и тоа на руски и на англиски јазик.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 268.