Варикап диода, варактор диода, диода со променлив капацитет или диода со променлива реактанса – вид диода дизајнирана да го користи напонски променливиот капацитет на инверзно поларизиран p–n спој.[1]

Варикап
Варактор
Внатрешна структура на варикап
Типпасивен
Распоред на контактитеанода и катода
Ел. симбол

Примена

уреди

Варакторите се користат како напонски контролирани кондензатори. Се применуваа во напонски контролирани осцилатори, параметарски засилувачи и честотен мултипликатори.[2] Напонски контролираните осцилатори имаат многукратни примени како што е честотната модулација за ФМ трансмитери и фазно затворени јамки. Фазно затворените јамки се користат за честотен синтетизатори во многу радија, телевизори и мобилни телефони.

Варикапот бил развиен од Пацифик семикондакторс, подружница на Рамо Вулдриџ корпорацијата, кој го добил патентното право за компонентата во јуни 1961 година.[3] The device name was also trademarked as the "Varicap" by TRW Semiconductors, the successor to Pacific Semiconductors, in October 1967. This helps explain the different names for the device as it came into use.Предлошка:Clarify

Функционирање

уреди
 
Функционирање на варикап. Шуплините се сини, електроните се црвени, зоната на просторен полнеж е бела. Електродите се горе и долу.

Варакторите работат во состојба на обратна поларизација, така што еднонасочна струја не тече низ уредот. Големината на обратната поларизација ја контролира дебелината на зоната на просторен полнеж, следствено и капацитетот на варакторот. Во општ случај, дебелината на зоната на просторен полнеж е пропорционална на квадратниот корен на напонот на нејзините краеви, а капацитетот е инверзно пропорционален на дебелината на зоната на просторен полнеж. Следствено, капацитетот е инверзно пропорционален на квадратниот корен на доведениот напон.

Сите диоди ја имаат оваа одлика на променлив капацитет, но варакторите се изработуваат така што го користат овој ефект и ја зголемуваат промената на капацитетот.

На сликата е прикажан пресек на варактор со слој на просторен полнеж формирана од p–n спој. Овој слој може да биде изведен и со МОСФЕТ или Шоткиева диода. Ова е битно во CMOS и MMIC технологијата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Sedra, Adel; Smith, Kenneth (2010). Microelectronic circuits (6. изд.). New York: Oxford University Press. стр. 214. ISBN 9780195323030.
  2. Calvert, James (15 February 2002). „Varactors“. Dr Tuttle's Home Page (англиски).
  3. US 2989671, Barnes, Sanford H. & John E. Mann, "Voltage sensitive semiconductor capacitor", published 23 May 1958, issued 20 June 1961 

Надворешни врски

уреди