Вардар (весник 1911 - 1912)

Вардар — македонски весник, редактиран од Данаил Крапчев и излегувал во периодот меѓу 1911 до 1912 година како неофицијален орган на ВМРО на Тодор Александров. Првиот број на весникот излегол на 1 октомври 1911 година. Меѓу соработниците биле Григор Василев, Никола Милев, Иван Георгов, Христо Матов, Атанас Јаранов, Петко Пенчев, Христо Силјанов и Љубомир Милетиќ. Весникот бил критички настроен кон младотурскиот режим, како и кон надворешната политика на владата на Народната и Прогерсивнолибералната партија во Бугарија. Се залагал автономија на Македонија и за враќање кон старите принципи на Македонската револуционерна организација [1][2].

Вардар
број 1, 1 октомври 1911 година
Типнеделно
УредникДанаил Крапчев
Основан1 октомври 1911 година
Јазикбугарски јазик
Страницанема

Наводи уреди

  1. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 133.
  2. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 44 - 45.