Ванилин шеќер[1][2] (германски: Vanillezucker, полски: Cukier waniliowy, унгарски: Vaníliás cukor, шведски: Vaniljsocker, српски: Ванилин шећер) — често користена состојка во многу европски десерти.

Тегла полна со ванилин шеќер

Ванилин шеќерот се прави од шеќер и зрна ванила, или шеќер измешан со екстракт од ванила (во сооднос од две чаши шеќер со една кафена лажичка екстракт).[3]

Спакуван ванилин шеќер може да биде скап и тешко да се најде вон Европа, но може да се направи дома. Понекогаш може да се замени со екстракт од ванила, каде една кафена лажичка е еднаква на едно пакување. Меѓутоа, кога е потребен како прелив, екстрактот од ванила е несоодветен.

Ванилин шеќерот може да се подготви со комбинирање на 400 гр (2 чаши) бел шеќер со изгребани семки од едно зрно ванила. Може да се направи и со додавање на 1 до 2 цели зрна ванила во херметички затворена тегла со 200 до 400 гр (1 до 2 чаши) бел шеќер и стареење на смесата две недели. Шеќерот може да се заменува како што се користи.[4]

Достапен е и поевтин ванилин шеќер, направен само од шеќер и ванилин.

Наводи

уреди
  1. „ванила“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ванила“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Vanilla Flavored Sugar“. McCormick (англиски). Посетено на 2020-11-07.
  4. Drake, Angela. "The simplest recipe ever for vanilla sugar" Архивирано на 26 март 2014 г., Not Your Average American, 18 May 2013.

Надворешни врски

уреди