Валтер Хунгербилер

Валтер Хунгербилер (9 август 1930 година - 27 март 2012 година) ― швајцарски фудбалски судија.

Валтер Хунгербилер
Хунгербилер во 1975 година
Роден 9 август 1930(1930-08-09)
Санкт Гален, Швајцарија
Починал 27 март 2012(2012-03-27) (возр. 81)
Санкт Гален, Швајцарија
Домашна
Години Лига Улога
1969–1978 Швајцарска Супер лига Судија
Меѓународна
Години Лига Улога
1972–1978 Назначен од ФИФА Судија

Судиска кариера

уреди

Во 1969 година, Хунгербилер станал судија во Швајцарската Супер лига, највисокото фудбалско ниво во Швајцарија. Во 1972 година, тој бил назначен за судија на ФИФА.

Во 1976 година, Хунгербилер бил назначен за судија на Европското фудбалско првенство 1976, каде што го раководел натпреварот за трето место помеѓу Холандија и Југославија.[1]

Хунгербилер се пензионирал од судењето во 1978 година.

Наводи

уреди
  1. „Yugoslavia - Netherlands 2:3 (EURO 1976 Yugoslavia, 3td place)“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Посетено на 6 јуни 2021.

 

Надворешни врски

уреди