Ваитупу
Ваитупу (тувалски: Vaitupu) — атол во Тувалу и еден од деветте окрузи на државата. Овој атол е најголем во Тувалу и има вкупна површина од 5,6 км2. Островот има мочурливи предели, како и мангровни шуми, а опколн е со корален гребен и има голема лагуна.
Ваитупу Vaitupu | |
---|---|
атол | |
Поглед кон Ваитупу | |
Карта на Ваитупу од 1931 | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Тувалу" does not existМестоположба во Тувалу | |
Координати: 07°28′S 178°41′E / 7.467° ЈГШ; 178.683° ИГД | |
Држава | Тувалу |
Население (2002) | |
• Вкупно | 1.591 |
Острови
уредиВаитупу e атол составен од 9 мали островчиња:
- Луасамоту
- Мосана (2 островчиња)
- Мотутанифа
- Темоту
- Те Моту Олепа
- Тофија
- Ваитупу
- и уште најмалку едно островче
Населени места
уредиЕдинственото село на Ваитупу е составено од две населби: Асау и Тумасеу. Во селото има црква, основно училиште, најмалку една гостинска куќа и пошта.
Туризам
уредиНа Ваитупу и Тувалу може да се пристигне преку со приватни бродови или преку владините тури од Фунафути. На островот има патеки и гостинска куќа за туристи.
Значајни личности
уреди- Таукелина Финикасо - министер за комуникација на Тувалу.
- Аписај Иелемија - премиер на Тувалу од 2006.