Бујновско Ждрело или Јагодинско Ждрелоклисура на Бујновска Река (лева притока на В’ча во Западните Родопи, во општина Борино, област Смољан.

Бујновско Ждрело
Буйновско ждрело
Ждрелото на Бујновска Река
МестоБујново, Чала, Јагодина - Смољанска Област, Бугарија
Површина759,15 хектара
Воспоставен(а)21 април 1971

Клисурата е долга околу 16 km, а нејзината средна надморска височина е 1090 m. Започнува од селото Бујново, на надморска височина од 1307 м, се насочува на север и завршува на браната Тешел, на надморска височина од 876 м. Целата клисура е полна со протерозојски мермери. Тоа е природно катче во Родопите со впечатлива убавина и привлекува многу туристи. Првите 7-8 километри клисурата е поширока, но по Јагодинската Пештера и особено по селото Јагодина станува многу тесна. Тука реката ги сече протерозојските мермери, а вертикалните карпи се многу блиску едни до други. Местото каде што карпите почнуваат да се допираат месното население го нарекло „Волчи скок“. Жителите на соседното село Јагодина раскажуваат дека на тоа место зимно време изгладнетите глутници волци прескакаат за да ги нападнат нивните трла. Бујновското Ждрело е познато и по големата разновидност на растителни и животински видови од кои голем дел се заштитени. Ждрелото за природна знаменитост е прогласено во 1971 година.

На околу 4 km погоре од ждрелото, на десниот брег на реката се наоѓа Јагодинската Пештера, позната по убавите пештерни форми, а малку понагоре, исто така на десниот брег е пештерата Имамова Дупка. Бујновското Ждрело е дел од Стоте национални туристички објекти на Бугарскиот туристички сојуз.

По меандрите на Бујновска Река е оформена живописна екопатека кој поминува низ Јагодинската Пештера, селата Бујново и Кожари. Патеката е погодна како за пешаци, така и за велосипедисти. Во овој дел на реката не е дозволен риболов, но има изградено неколку вештачки риболовни езера како и неколку локации со сите удопства за подготовка на скара или пикник. Карактеристично за областа се многубројните чешми изградени од месните жители. Меандрите на реката се омилено место за одмор и кампување во текот на летните месеци. Околу реката може да се видат многу ретки растителни и животински видови.

По целиот тек на клисурата поминува тесен, општински пат со една лента, кој е единствената врска на селата Бујново и Кожари со внатрешноста на земјата и се одржува во текот на целата година за сообраќај на моторни возила.

Надворешни врски

уреди
  • „Буйновско ждрело", профил в Изпълнителна агенция по околна среда“.