Циклонот Пер е моќна бура со тропски ветрови која го погодила западниот брег на Шведска и Норвешка, утрото на 14 јануари 2007 година. Во Шведска од невремето загинале шест лица, а без струја останале приближно 300.000 домаќинства.

На 14 јануари 2007 г

Бурата била официјално именувана како циклон Хано од Слободниот универзитет во Берлин, кој ги именува сите области со низок притисок што ја зафаќа Европа, додека бурата била наречена Пер од Норвешката метеоролошка служба, која ги именува сите силни бури што ја погодуваат Норвешка.

Починати

уреди
  • Маж на 60-годишна возраст загинал кога неговиот автомобил бил погоден од дрво што паднало во округот Јеншепинг на 14 јануари. Жена која патувала со него се здобила со полесни повреди.[1]
  • 9-годишно момче во Мотала починало откако дрво паднало врз него околу пладне на 14 јануари.[2]
  • 24-годишен камионџија загинал во Уларед кога камионот го удрил дрво на 14 јануари.[3]
  • 61-годишен маж загинал во пристаништето на Малме во несреќа поради невремето на 14 јануари.[4]
  • Двајца мажи загинале на 15 јануари, еден на Еланд и еден во Смоланд, кога работеле во шума како последица на невремето.[5]

Наводи

уреди
  1. „Krossade av trädet“. Aftonbladet. Архивирано од изворникот на 2007-01-17. Посетено на 2007-01-15.
  2. „Han såg sonen dö“. Aftonbladet.
  3. „Flydde med sin bil – dog“. Aftonbladet. Архивирано од изворникот на 2007-03-09. Посетено на 2007-01-15.
  4. „61-åring dödades ombord på pråm“. Aftonbladet. Архивирано од изворникот на 2007-03-09. Посетено на 2007-01-15.
  5. Hamrud, Annika (15 January 2007). „Två döda under skogsarbete“. Архивирано од изворникот на October 1, 2007.