Булевар Маршал Тито (Струмица)

Булеварот „Маршал Тито“ се наоѓа во централното градско подрачје.

Булевар Маршал Тито
Булеварот ноќе, јуни 2018 г.
Одржува:Општина Струмица
Должина:345 m (1.132 ft)
Место:Струмица
Координати:41°26′19.3″N 22°38′20.1″E / 41.438694° СГШ; 22.638917° ИГД / 41.438694; 22.638917
Поважни
раскрсници:
На западниот крај со булеварот Ленинова

На булеварот се сместени повеќе станбени објекти како и продавници, канцеларии и други објекти, меѓу кои и филијали на Комерцијална банка, Стопанска банка и Шпаркасе банка.

Улицата е во должина од околу 345 метри и се протега од раскрсницата со булевар Ленинова кај ГТЦ „Глобал“ до кружниот тек со булеварот Гоце Делчев и улицата Балканска кај Соборниот храм Успение на Пресвета Богородица.

Знаменитости

уреди