Букурешки пожар (1847)

Големиот пожар во Букурешт (романски: Focul cel mare) — најголемиот пожар што некогаш се случил во Букурешт, Романија, тогаш главен град на Влашка. Пожарот започнал на 23 март 1847 година и уништил 1850 згради, една третина од градот, вклучувајќи го и, според принцот Ѓорѓи Бибеску, „најзаселениот и најбогатиот дел од Букурешт“[1].

Големиот пожар во Букурешт
Новата црква Св. Ѓорѓи
Големиот пожар во Букурешт

Пожарот го уништил централниот комерцијален дел од градот, заменувајќи ги малите и пренатрупаните дрвени згради со двокатните куќи на трговците изградени со тули, и инспирирани од оние во Австрија, каде продавниците и магацините се наоѓаат на првиот кат, а живеалиштето во вториот кат[2].

Заднина

уреди

Во тоа време, многу од куќите во Букурешт биле направени од дрво, кое, заедно со пренаселените тесни улички, биле лесно склониливи кон оган. Постојаната опасност ја направило оваа загриженост уште од ерата на Фанариотите, кога биле организирани часови за заштита од пожар околу резиденцијата „Ага“ и резиденцијата „Шпатар“. За време на ерата на органско регулирање, бил организиран модерен тим за пожарникари, опремен со западновропски пумпи[3].

Пожар

уреди

Пожарот започнал во текот на попладневните часови во куќата на свештеникот Зојица Драгенесиа, во близина на црквата Свети Димитриј[4].

Силниот јужен ветер му помогнал на пожарот да се рашири кон Стариот дворец (Curtea Veche), по кое се проширил и кон Липскан и црквата Св. Ѓорѓи. Огнот се проширил и кон периферијата на градот.

Остатокот од градот не бил запален благодарение на интервенцијата на пожарникарите, кои биле исто така помогнати од страна на војниците[5]. Огнот убил 15 луѓе и изгорел 158.730 квадратни (околу 61,38 хектари), вклучувајќи 1850 згради, вклучувајќи 686 приватни домови, 1142 продавници, 10 гостилници и 12 цркви[6]. Штетата потоа била проценета на 100 милиони леи[6].

Реконструкција

уреди

По изгаснување на пожарот, властите започнале со процес на реконструкција. Бил создаден фонд за обнова на градот. Принцот, Ѓорѓи Бибеску бил првиот што донирал 6000 леи, додека останатите институции придонеле за собирање на 2.200.000 леи[7]. Помош пристигнало и од Виена, Истанбул и Петербург, како и трговците од Лајпциг и банкарите (семејството Ротшилд и Синас), кои донирале 3401 талери (45.584 леи). Молдавците имале значаен придонес од 50.715 леи.

За да им помогне на луѓето кои ги загубија своите домови и бизниси, во градот била формирана комисија која морала да го надгледува користењето на фондот за реконструкција и да помогне во продолжувањето на трговијата. Комисијата започнала попис на изгорените згради, собирајќи информации за имињата на сопствениците, сопственичката професија, видот на зградите, вредноста на куќата, вредноста на предметите внатре. На 26 јуни, 1847, листата била објавена, со детали за тоа како сумата од 2.573.250 леи ќе биде поделена на 1559 погодени сопственици на имот.

Финалниот извештај бил објавен во април 1848 година, кога во извештајот на комисијата се наведува дека 52 лица сè уште одбиле да добијат пари за помош и дека износот од 3.195.759 леи бил поделен на 2887 засегнати лица[8].

Наводи

уреди
  1. Istoria orașului..., p. 201
  2. Georgescu, p.64
  3. Istoria orașului..., p. 202
  4. Georgescu, p.57
  5. Georgescu, p.58
  6. 6,0 6,1 Georgescu, p.58-59
  7. Georgescu, p.59
  8. Georgescu, p.62