Бруцела
Бруцелите се кратки, стапчевидни бактерии од родот Brucella. Овие грамнегативни и аеробни бактерии се присутни во мочниот и половиот тракт на кравите, овците и свињите. Преносот на луѓе е редок, бидејќи во повеќето земји млечните производи се пастеризираат. Името е во чест на британскиот воен хирург Дејвид Брус.
Со ДНК анализите денес е утврдено присуство на само еден вид - Brucella melitensis со неколку биовариетети. Сепак, во практиката денес најчесто се користи старата систематика, при што биовариететите се сметаат за посебни видови на бруцели.
Бруцелоза
уредиБруцелозата се добива со директен контакт со заразени животни или индиректно преку контаминирана храна (особено непастеризирано млеко). Патогенот навлегува преку мукусните мембрани и се востановува во фагоцитите (микро- и макрофагите). Преку нив се пренесува во лимфните јазли, црниот дроб, слезенката, коскената срцевина и други ткива каде се формира гранулом. Од овие места бактериите можат да се прошират во крвта (хематогено распространување). Се јавува треска проследена со настинка. Со пролиферацијата на бактериите во крвта се стимулираат цитокините.
Видови (според стара систематика)
уреди- Brucella abortus (Schmidt 1901) Meyer & Shaw 1920
- Brucella canis Carmichael & Bruner 1968
- Brucella ceti Foster et al. 2007
- Brucella melitensis (Hughes 1893) Meyer & Shaw 1920
- Brucella neotomae Stoenner & Lackman 1957
- Brucella ovis Buddle 1956
- Brucella pinnipedialis Foster et al. 2007
- Brucella suis Huddleson 1929
- Brucella microti Scholz et al. 2008
- Brucella inopinata Scholz et al. 2009