Бруто-општествен производ
Бруто-општествен производ или БОП (наречен и „бруто-национален производ“, од англиски: Gross national product, GNP) — пазарната вредност на сите стоки и услуги во дадена година произведени (или пружени) со трудот и средствата на државјаните на една земја. За разлика од бруто-домашниот производ (БДП), што го опишува производството според тоа каде географски се одвива, БОП ја изразува произведената вредност според сопственоста.
БОП не прави разлика помеѓу квалитетивното подобрување во техниката (на пр. побрза обработка кај сметачи) и квантитативните зголемувања во производството (на пр. повеќе произведени сметачи). Обете ги става под рубриката „економски раст“.[1]
Во основа, БОП претставува вкупната вредност на сите конечни произведени стоки и пружени услуги во дадена година, заедно со заработениот доход на нејзините државјани (вклучувајќи ги оние сместени во странство), а без доходот на оние без државјанство или постојан престој во земјата. Како таква, ова е мерка за вредноста на производите и услугите на државјаните на земјата, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Ова е еден од показателите за економската благосостојба на земјата, под претпоставката дека поголем БОП дава повисок квалитет на живот.
БОП наспроти БДП
уредиБруто-општествениот производ (БОП) честопати се поставува наспроти бруто-домашниот производ (БДП). Додека БОП го изразува производството во претпријатијата на една земја (било да работат дома или во странство), БДП е мерка за произведеното во границите на земјата (било од домашни или странски претпријатија). Овие два показтела највеќе се разликуваат кога земјата има средства во странство (погони, фабрики, претпријатија) во облик на инвестиции, учество и др.
Список на десет најсилни земји по БОП (БНД)
уредиОва е список на десет земји со највисок бруто-општествен производ, т.е. општествен доход во 2012 г., изразено номинално, со методот „Атлас“ во милиони долари[2]
Место | 2011 | 2010 | 2009 | |||
---|---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 15.097.089 | ||||
2 | НР Кина | 6.628.086 | НР Кина | 5.717.592 | НР Кина | 4.822.913 |
3 | Јапонија | 5.774.376 | Јапонија | 5.359.236 | Јапонија | 4.793.538 |
4 | Германија | 3.594.303 | Германија | 3.513.807 | Германија | 3.472.823 |
5 | Франција | 2.775.664 | Франција | 2.745.670 | Франција | 2.742.735 |
6 | Обединето Кралство | 2.366.544 | Обединето Кралство | 2.373.636 | Обединето Кралство | 2.532.124 |
7 | Италија | 2.246.998 | Италија | 2.149.222 | Италија | 2.141.109 |
8 | Бразил | 2.107.628 | Бразил | 1.859.414 | Бразил | 1.575.897 |
9 | Индија | 1.746.481 | Индија | 1.539.419 | Шпанија | 1.469.901 |
10 | Канада | 1.570.886 | Канада | 1.475.865 | Канада | 1.412.899 |
Поврзано
уреди- Бруто-домашен производ (БДП)
- Бруто-општествен доход (БНД)
Наводи
уреди- ↑ Daly, Herman E. (1996), Beyond Growth. Beacon Press
- ↑ БНД (GNI), Метод „Атлас“ (англиски)