Бриг (едреник)

(Пренасочено од Брик (едреник))

Бриг (англиски: brig) е дрвен едреник со средна големина со два јарбола и едра од крстест тип. На почетокот на 18 век брик бил трговски, а подоцна и воен брод.

Бриг.

Воените брикови имаат депласман од 200 до 700 тони, должина од 26 до 36 м, широчина 6-9, а висина на трупот 4-5 м. Поморски и маневрски својства биле одлични и брзината била до 11 чвора. Повеќе брикови имале 2 јарбола со иста височина, а на нив 3-5 крстести едра.[1]

Воени брикови имале една накривена палуба со 12-20 топа со калибар до 16 см, со екипаж од 148 луѓе. Користени се за заштита на конвои, извидување и други помошни задачи.

Трговските брикови имале слични димензии како воените, но екипаж од 10-12 луѓе со 2-6 топа. На Јадранското Море во XVIII и XIX век ова бил најчест тип на бродови.

Кон крајот на 19 век брикови исчезнуваат затоа што се заменети со бродови на парен погон.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Schooner In The Sand“ (PDF). January 2002. Посетено на 2007-01-12.

Литература

уреди
  • Војна енциклопедија, Београд, 1971., књига друга, pp. 29.

Надворешни врски

уреди