Борка Ѓоре Петрески - Уто (26 февруари 1916 во Прилеп21 септември 1944 во Прилеп) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По занимање бил тутунски работник. Како активен помагач на Народноослободителната борба двапати бил затворан. Кон крајот на август се приклучил кон Петтата прилепска бригада. Загинал во борбите против непријателот на Песиобрдци, кај Институтот за тутун во Прилеп.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 15.