Борис Богданоски
Борис Дичов Богданоски (15 февруари 1915 во Арбиново, Охридско — 4 октомври 1943 во Зајас, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиБорис Дичов Богданоски е роден во селото Арбиново, се занимавал со земјоделство. Во 1939 година заминал за Белград, како печалбар-работник. Зафатен од студентскиот бран учествува во низа демонстрации и штрајкови. По капитулацијата на стара Југославија се враќа во родниот крај. Со воспоставувањето на првите организирани јатки на движењето станува истакнат активист и еден од месните организатори. Во јули 1943 година доброволно стапува во партизанскиот одред ''Даме Груев''. Со формирањето на партизанскиот одред ''Славеј'' станува негов прв политички комесар. Со посебна задача оди во Кичево. Загинува по заседа поставена од балистите кај селото Зајас, на пат за Буковиќ, на 4 октомври 1943 година.[1]