Бомбајска мачка — раса кусовлакнеста домашна мачка. Бомбајските мачки се црни мачки со мускулна градба и имаат карактеристични големи светли бакарно-златни очи.[1][2][3] Расата е именувана по индискиот град Бомбај (Мумбаи),[4] што се однесува на живеалиштето на индискиот црн леопард.[5]

Шест месечно маче

Постојат две различни варијанти на расата: американска Бомбајска и британска Бомбајска мачка, а и двете се нарекуваат само Бомбајска. Бомбајските мачки од американски тип биле развиени со вкрстување на американски бурмански и црни американски мачки со кратко влакно,[1][5] за да се добие мачка од претежно бурмански тип, но со елегантно црно крзно налик на пантер со бакарно-златни очи. Бомбајските мачки од британскиот тип се цврсти црно-обоени азиски мачки од азиската група, мешавина на европска бурманска и персиска мачка.[1][6] Британскиот тип потекнува од три погрешни спарувања на европски бурмански мачки со црни домашни мачки со кусо влакно.

Оваа статија го опфаќа американски тип, а за британскиот тип видете ја статијата азиска мачка.

Историја

уреди

Расата била развиена од Ники Хорнер, одгледувач од Луисвил, Кентаки, кој, почнувајќи од 1958 година, се обидел да создаде раса на мачки што личат на минијатурен црн пантер.[4][5][7] Првиот обид бил неуспешен, но вториот, во 1965 година, бил успешен. Расата била официјално призната и регистрирана од Здружението на љубители на мачки во 1970 година и Меѓународното здружение за мачки во 1979 година.[4][7]

Изглед

уреди

Бомбајската мачка е раса на домашна мачка со кусо влакно, тесно поврзана со Бурманската мачка. Бомбајските мачки се карактеризираат со целосно црно крзно, вклучувајќи ги и мустаќите, кожата, табаните, кожата на носот и устата. Крзното е сјајно без никакви бели делови (исклучоци се дозволени кај мали мачки, помали од 2 години).[4] Очите се секогаш со бакарно-златна боја,[1][2] а зелени очи не се дозволени.[2][3]

 
Две возрасни

Бомбајската мачка има средна големина, ориентален тип на тело, мускулесто.[1][4] Нивната тежина се движи помеѓу 2,5 до 5 килограми,[1] при што мажјаците обично се потешки од женките.[3][8]

Стандард за расата

уреди

Тело: средна големина, грациозно и издолжено тело од ориентален тип.[1] Елегантна опашка со средна должина.[3]

 
Страничен профил на главата

Глава: заоблена без остри агли.[3] Обликот е мазен. Муцката е кратка.[2][3] Ушите со средна големина се широко поставени, прави и заоблени на врвовите. Големите, тркалезни очи се поставени далеку[3] и секогаш се бакарни,[2] но може да варираат од светло портокалова до златна боја.[3] Зелените очи не се дозволени.[2][3]

Крзно: Кратко, густо и сјајно, стегнато за телото, со сјај.[3]

Тежина: Кај женките, просекот е од 6 до 8 килограми. За мажјаците, просекот е од 8 до 10 килограми.[6]

Здравје

уреди

Здравиот мачка од оваа раса има просечен животен век од 15 години, а познато е дека некои живеат и до 20 години.[8] Тие може да имаат некои проблеми со носот и синусите, како и гингивитис.[9] Нивниот внес на храна треба да се контролира за да се избегне прејадување.

Темперамент

уреди

Личноста на оваа мачка тежнее да биде многу општествена, обележана со силна приврзаност кон семејствата и се карактеризира со желба за внимание. Како раса, тие се многу погодни за деца.[10]

Бомбајските мачки се задоволни доколку живеат во затворен простор и можат удобно да живеат во еднособен стан, сè додека сите нивни потреби се задоволени.[11] Тие претпочитаат тивка околина.[11]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Van Zyl, Miezan (2015). The cat encyclopedia - the definitive visual guide (англиски). London: Dorling Kindersley. ISBN 9780241234884. OCLC 1322361804.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Bombay TICA breed standard“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 29 September 2023. Посетено на 2023-09-29.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 „Bombay CFA breed standard“ (PDF). CFA.org. Cat Fanciers' Association. 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 September 2023. Посетено на 29 September 2023.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Bombay“. TICA.org. The International Cat Association (TICA). 13 August 2018. Архивирано од изворникот на 29 September 2023. Посетено на 29 September 2023.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Bombay“. CFA.org. Cat Fanciers' Association. Посетено на 29 September 2023.
  6. 6,0 6,1 Fogle, B.: The Encyclopedia of the Cat. Dorling Kindersley Limited: 2008
  7. 7,0 7,1 „History“. Rokstarr Bombay. Посетено на 24 February 2016.
  8. 8,0 8,1 „Bombay Cat Breed Profile“. pet-adoption-guide.com. Архивирано од изворникот на 16 February 2013. Посетено на 12 January 2013.
  9. „Cat Breeds – The Bombay Cat – Cats, Chaos and Confusion“. cats-chaos-and-confusion.com. Посетено на 4 January 2017.[мртва врска][мртва врска]
  10. „Bombay Cat“. Petfinder. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 12 June 2011.
  11. 11,0 11,1 Adams, Charlene Tuttle (1995). Beauty of Cats (англиски). World Publications, Incorporated. ISBN 978-1-57215-086-7. Посетено на 5 April 2023.

Надворешни врски

уреди