Болести на белите дробови

пнеумонија

Воспаление на белите дробови (пнеумонија)

уреди

Пнеумониите се специфични и опасни заболувања кај децата особено во период кај новороденчето и доенчето. Тоа се едни од најтешките заболувања на органите на дишење и затоа треба да се сватат најсериозно и секогаш да се помисли на нив при висока температура, како би можело навреме да се преземе лекувањето. Пнеумониите се предизвикани од разни типови на пнеумококи, стафилококи, стрептококи, вируси, рикеции. Класични форми на пнеумонија се пнеумонија и бронхопнеумонија.

Пнеумонија

уреди

Почнува нагло со висока температура, која не реагира на антипиретици. Во почетокот можат да се јават и болки во стомакот и да дадат лажна слика дека станува збор за appendicitis(слепо црево). Може да е проследена со повраќања и главоболки. Наскоро се јавува отежнато дишење и црвенило на лицето со зажарени образи. Кашлицата е прво сува, а потоа станува влажна со слузаво гнојни исплувки.

Бронхопнеумонија

уреди

Најчесто настанува секундарно како КОМПЛИКАЦИЈА на претходно заболување на дишните патишта, но може да се јави и примарно. Клиничката слика на бронхопнеумонијата зависи од видот на бацилите и од староста на заболеното дете.

Бронхопнеумонијата кај новороденче и мало доенче

уреди

Често поминува благо, без покачена температура, без диспнеа и кашлица. Може да се види само цијаноза(модро) околу усните или изразите бледило. Детето слабо цица. Смртноста е голема поради малата отпорност на новороденчето и малото доенче.

Бронхопнеумонија кај постаро доенче и мало дете

уреди

Почнува со нагла појава на висока температура и кашлица, некогаш има упорно повраќање. Детето е малаксано, дишењето е забрзано,површно и отежнато и исхараната е нарушена.

Други форми на пнеумонија

уреди

Аспирациона пнеумонија настанува за време на раѓањето кога детето аспирира од плодовата вода. Стафилококна пнеумонија се јавува во доеничкиот период и извори на инфекција се најчесто гнојните кожни инфекции (пр. мастит) кај мајката и друго. Хронична пнеумонија се развива при грип, морбили, пертусис.

Профилакса

уреди

Треба да се зајакне имунитетот на децата со правилна нега и исхрана. Исхраната на детето треба да биде добро составена, како во количество, така и во квалитет. Доволно и редовно внесување на белковини и витамини со што се овозможува правилно растење и развивање, а организмот се оспособува за борба против инфекции. Негата се состои во физичко зајакнување на организмот. Од непроценливо значење е престојување на воздух во секој годишен период, воздушно капење, сончање, капење, престој на море. Значања улога во профилаксата на овие заболувања има и настојувањето да се избегнуваат средбите на здрави деца со заболени деца од респираторни инфекции.