Богуславски (кратер)

кратер на Месечината

Богуславски (Boguslawsky) — кратер близу јужнополарното подрачје на Месечина. Сместен е северозападно од малку поголемиот кратер Демонакс и југозападно од концентричниот кратер Бусенго. Поради неговата местоположба, овој кратер изгледа многу издолжен, но тоа се должи на перспективата.

Богуславски
Кратерот Богуславски
Координати72°54′S 43°12′E / 72.9° ЈГШ; 43.2° ИГД / -72.9; 43.2
Пречник97 км
Длабочина3,4 км
Кодолжина317° на изгрев
Наречен поПалм фон Богуславски

Телото на кратерот има насипи и затоа е релативно безлично. Рабовите е донекаде истрошен и релативно низок во однос на околната површина. Преку источниот раб се наоѓа придружниот кратер Богуславски D.

Кратерот е наречен по германскиот астроном Палм Хајнрих Лудвиг фон Богуславски. Предвиден е како место на слетување на руската сонда Луна-25.[1]

Придружни кратери

уреди

На месечевите карти овие придружни кратери се бележат со ставање на латинична буква од страната поблиску до Богуславски.

Богуславски Ширина Должина Пречник (км)
A 74,4° Ј 44,3° И 6
B 73,9° Ј 61,0° И 63
C 70,9° Ј 27,7° И 36
D 72,8° Ј 47,3° И 24
E 74,2° Ј 53,6° И 14
F 75,3° Ј 52,5° И 30
G 71,5° Ј 34,5° И 21
H 72,8° Ј 29,1° И 19
J 72,2° Ј 28,9° И 36
K 73,5° Ј 50,9° И 46
L 70,6° Ј 36,6° И 22
M 70,6° Ј 35,2° И 9
N 74,0° Ј 33,3° И 28

Наводи

уреди
  1. „Geology of the Lunar Glob landing sites in Boguslawsky crater, Moon“ (PDF).