Богдан (10-11 век) ― македонски благороодник, топарх на внатрешните тврдини (места), што се протегале западно од Прилеп[1] и најверојатно ги зафаќале централните области на Самуиловото Царство. Освен Скилица, не го споменува ниеден друг извор. Тој одамна бил приврзаник на византискиот цар, го убил и својот тест Матеица.[2] Му се предал на императорот Василиј II, пролетта 1018 година, за што бил почестен со висока титула патрикиј. Се споменува како еден од учесниците во заговорот против византискиот цар Константин VIII (1026 година). Заговорот бил откриен, а Богдан фатен и ослепен.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 79. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. „БОГДАН“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.

Литература уреди

  • Коста Аџиевски, Пелагонија во средниот век, Скопје, 1994