Блудниот син во бордел

Блудниот син во бордел, Блудниот син во таверна или Рембрант и Саскија во параболата за блудниот син — славно ремек-дело на барокниот сликар Рембрант ван Рајн од 1637 година. Се наоѓа во Галеријата на старите мајстори во Дрезден. Ова е единствената слика на која е тој со сопругата Саскија.

Блудниот син во бордел
Творец Рембрант ван Рајн
Година околу 1637
Димензии 161 см × 131 см
Место Галерија на старите мајстори, Дрезден

Опис

уреди

На сликата, Рембрант е во улогата на блудниот син, кој ги троши своите пари на проститутки и е елегантно облечен со меч и капа со пердув, кревајќи чаша вино високо. Саскија му седи на колено, неговата сакана сопруга исто така облечена во скапа облека. На масата има јадење со паун, што е симбол на гордост.

Историја

уреди

Во 1749 година сликата била купена за изборниот кнез на Саксонија Август III (Фридрих Август Втори). За време на Втората светска војна, сликата, заедно со другите слики од галеријата, била извадена од галеријата во Дрезден, со што се избегнало разорното бомбардирање на Дрезден во февруари 1945 година. По завршувањето на војната, била извезена во Москва заедно со другите слики од галеријата и била вратен во Германската Демократска Република во 1955 година со одлука на советската влада.[1]

Наводи

уреди
  1. „Rembrandt und Saskia im Gleichnis vom verlorenen Sohn“. SKD Online Collection.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди