Блед синец
Блед синец | |
---|---|
Блед синец | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Lycaenidae |
Род: | Cupido |
Вид: | C. decolorata |
Научен назив | |
Cupido decolorata (Staudinger, 1886)[1] | |
Синоними | |
|
Бледиот синец (Cupido decolorata) е пеперуга од семејството на пеперуги синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Распространетост
уредиОваа пеперуга ја има на Балканот, Средна Европа и Источна Европа.
Опис
уредиОваа пеперуга е мала по големина. Како и нејзините сродни видови, бледиот синец има полов диморфизам.Мажјакот на бледиот синец има сина горна страна на крилјата со сиви рабови. Женката, пак, има кафена горна страна со бели рабови. Долниот дел на крилјата се сиви, со сини нијанси. На долната страна има линии и црни дамки.
Биологија
уредиЛларвите се хранат со растенијата Medicago sativa и Medicago lupulina.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Staudinger, 1886 Centralasiatische Lepidopteren Stett. Ent. Ztg. 47 (4-6): 193-215, (7-9): 225-256
- ↑ Cupido decolorata, funet.fi