Битката кај Бистрица Лесна

Битката кај Бистрица Лесна (хрватски: Bitka kod Bistrice Lesne) – расказ на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.

Содржина

уреди

Во „Битката кај Бистрица Лесна“ се раскажува за смртта на десетарот Мато Песек и шестмина војници во Битката кај Бистрица Лесна за време на Првата светска војна. Тие живееле тежок и сиромашен селски живот, а почетокот на војната го дочекале наивно, без да ги предвидат кобните последици. Но, потоа, со разгорувањето на војната, кај нив исчезнал ентуизијазмот и тие посакувале само да се вратат дома. Војникот Вид Трдак безуспешно ја молел власта во Загреб да се погрижи за двете мали деца кои останале сами по смртта на мајка им; војникот Штеф Лоборец само што се оженил и веќе бил однесен на фронтот, каде бил ранет и добил решение за отсуство, но повторно бил однесен на фронтот, не успевајќи ниту да добие здрави чевли; војникот Матија Криж добил писма од две девојки кои го сакале; и војникот Фрањо Блажек добил писмо од една девојка додека неговата жена била на умирање, а татко му пишувал молби за негова демобилизација; војникот Имбро Пецак добил писмо од сопругата која попусто пишувала молби за тој да биде демобилизиран; од десетарот Песек останал само часовникот кој го добил за награда за еден успешно решен ребус; Штеф Лоборец умрел без да знае дека неговата млада жена станала алкохоличарка мислејќи дека тој загинал...[1]

Наводи

уреди
  1. Miroslav Krleža, Hrvatski bog Mars. Beograd: Rad, 1963, стр. 5-32.