Биосферен резерват Ла Енкручијада
Биосферен резерват Ла Енкручијада (шпански: Reserva de la Biósfera La Encrucijada) — биосферен резерват на УНЕСКО основан во 2006 година кој се наоѓа во физиографскиот регион на Тихоокеанските крајбрежни низини во Мексико. Зафаќа 144.848 хектари и се протега во текот на шест општини во Коста де Чијапас. Тој е составен од два големи крајбрежни лагунски системи кои одговараат на два основни области, како и широк спектар на природни екосистеми вклучувајќи мангрови, блата и мочуришта, како и делови од тропски сезонски шума, крајбрежните дини и палми.[2]
Биосферен резерват Ла Енкручијада | |
---|---|
Место | Мексико |
Координати | 14°55′48″N 92°43′48″W / 14.93000° СГШ; 92.73000° ЗГД |
Површина | 144.848 ха |
Воспоставен(а) | 2006 |
Управно тело | Comisión Nacional de Áreas Naturales Protegidas |
Службен назив: Reserva de la Biosfera La Encrucijada | |
Прогласено: | 20 март 1996 |
Број | 815[1] |
Единаесет големи реки и нивните притоки влегуваат во овој екосистем формирајќи крајбрежни лагуни каде слатката вода се меша со морска вода и главната активност е риболов со ракчиња. Биоразновидноста и богатството на локалитетот се извонредни и вклучуваат голем број видови на диви животни како јагуари, речни крокодили и алигатори, пајакови мајмуни и повеќе од триста видови птици, од кои сто се миграторни.[2]
Околу 29.300 луѓе живеат во биосферниот резерват и главно се занимаваат со четири економски активности: риболов, земјоделство, сточарство и туризам.[2]
Главните живеалишта и типовите на земјиште покриваат 41.243 хектари мангрови, 16.224 хектари крајбрежна савана, 31.443 хектари од попали и тулески мочуришта, 741 хектари крајбрежни дини и 7.177 хектари на водни тела. Морската област се протега на над 29.214 хектари и земјоделските и сточарските области зафаќаат 28.816 хектари.[2]
Извори
уредиОваа статија содржи делови преземени од слободно дело. Изјава/дозвола за лиценцата на Ризницата. Текстот е преземен од UNESCO - MAB Biosphere Reserves Directory, UNESCO, UNESCO.
Наводи
уреди- ↑ „Reserva de la Biosfera La Encrucijada“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 25 April 2018.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „UNESCO - MAB Biosphere Reserves Directory:La Encrucijada Biosphere Reserve“. Посетено на 3 September 2018. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „MAB“ е зададен повеќепати со различна содржина.