Били Бар (натуралист)

Били Бар[2] — американски научник аматер познат по неговата колекција од преку 50 години податоци за нивото на снегот, температурите и миграцијите на животните во Карпестите Планини Колорадо. Збирката на податоци на Бар е препознаена како критичен доказ за ефектите од климатските промени.[3][4]

Били Бар
Роден(а)Трентон, Њу Џерси, САД
ПолињаКлиматологија
УстановиБиолошка лабораторија Карпести Планини
Страница
gothicwx.org[1]

Живот и работата

уреди

Бар пораснал во Трентон, Њу Џерси.[5] Во 1972 година, како студент-истражувач од Универзитетот Ратгерс, се вработил на краткорочна работа[4] во биолошката лабораторија на Карпестите Планини за мерење на квалитетот на водата во близина на Крестед Бјут во планините Западен Елк, Колорадо.[3][6][7] По некое време, се појавил во еден локален весник како ексцентричен планински пустиник.[3][8]

Во средината на 1970-ти години, со првична намера да избега од здодевноста на живеењето на оддалечената локацијата на Готик Планина,[3] Бар започнал прецизно да собира податоци за животната средина со мерење на длабочината на снегот, температурите и забележувајќи го пристигнувањето на различните видови на пролет.[9][4] Отприлика во исто време, тој станал „неофицијален чувар“ на биолошката лабораторија на Карпестите Планини.[10] Кон крајот на 1990-тите, резидентниот еколог на лабораторијата Дејвид Инује го препознал значењето на податоците на Бар и почнал да ги споделува со други научници. Оттогаш, записите на Бар се користени во бројни научни статии за климатските промени.[11][12][13]

Документарниот филм „Снежниот чувар“ од 2016 година е посветен на Бар.[10][14]

Наводи

уреди
  1. „Помина речиси 50 години сам на 10.000 стапки. Неговото хоби помогна да се обликуваат истражувањата за климата во Карпестите планини“. National. The Washington Post (англиски). Washington, D.C. Архивирано од изворникот 2021-11-28. Посетено на 2021-11-29. Занемарен непознатиот параметар |author-given= (help); Занемарен непознатиот параметар |датум= (help); Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |author-презиме= (help)
  2. Blevins, Jason (2018-01-20). „From a remote cabin in the snowy hills above Crested Butte, Billy Barr's historical records make him an accidental apostle among climate researchers“. The Denver Post (англиски). Посетено на 2018-03-16.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 The Hermit Who Inadvertently Shaped Climate-Change Science, The Atlantic, January 12, 2017
  4. 4,0 4,1 4,2 „Climate diarist "wasn't out to prove anything". CBS News. 21 April 2017.
  5. Q&A: Billy Barr - 5280
  6. Duane, Daniel. „Meadow's End“. Mother Jones. Посетено на 16 January 2017.
  7. Miniclier, Kit. „Isolation in Gothic 'quiet and real nice'. Denver Post. Посетено на 16 January 2017.
  8. "Colorado mountain is home to a thoroughly modern hermit" Arizona Republic, June 1, 1982, p. 17 (the reference provided in The Atlantic article, retrieved January 13, 2017)
  9. Estabrook, Rachel. „Watch How Billy Barr Tracks The Snow Near Crested Butte For Climate Data Gold“. Colorado Public Library. Посетено на 16 January 2017.
  10. 10,0 10,1 „Short climate film features Gothic local billy barr - The Crested Butte News“. The Crested Butte News (англиски). Посетено на 2017-03-08.
  11. Ian Billick; Mary V. Price (1 August 2012). The Ecology of Place: Contributions of Place-Based Research to Ecological Understanding. University of Chicago Press. стр. 389–. ISBN 978-0-226-05044-7.
  12. Mark Schwartz (30 July 2013). Phenology: An Integrative Environmental Science. Springer Science & Business Media. стр. 259–. ISBN 978-94-007-6925-0.
  13. American Journal of Botany. 1991.
  14. Breyer, Melissa. „Man who lives alone in the woods has recorded 40 years of important data on snow“. Treehugger. Посетено на 15 January 2017.

Надворешни врски

уреди