Трилион

бројка која изнесува милион билиони по долгата (македонска) скала или милион милиони по кратката скала

Трилион (од француски: trillion) — поим кој може да се однесува на два различни броја:

Долга скала (македонска употреба)

уреди
  • 1.000.000.000.000.000.000 (милион билиони)[1] или десет на осумнаесетти степен (1018) според долгата скала која се користи во Македонија и разни други земји. Претставува износ милион пати поголем од трилионот на кратката скала (подолу).

Кратка скала

уреди
  • 1.000.000.000.000 (милион милиони) или десет на дванаесетти степен (1012) според кратката скала. Претставува износ истоветен на билионот во долгата скала.

Денес кратката скала е сеприсутна во англојазичните земји. Во САД е усвоена многу одамна, преку Франција. Британија пак, официјално се префрлила на оваа скала дури во 1974 г., иако наоѓала примена во техничката литература и новинарството уште од 1950-тите; денес британскиот трилион во долгата скала се јавува поретко.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „трилион“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Cracknell, Richard; Bolton, Paul (January 2009). Statistical literacy guide: What is a billion? And other units (PDF) (Report). House of Commons Library. Посетено на 10 July 2015.