Библиотека „Гоце Делчев“ — Велес
Библиотеката „Гоце Делчев“ — градска библиотека формирана во 1946 година во Велес.
Земја | Македонија |
---|---|
Место | ул. Алексо Демниевски Бауман бр 11 Велес |
Други информации | |
Директор | Снежана Бошевска |
Службена страница | http://bibliotekaveles.org.mk/ |
Историјат
уредиСо одлука на Народниот одбор на Општина Титов Велес во 1946 година библиотеката била назначена како посебен правен субјект, која постои до денес. Велес во минатото претсавувал лулка на културната преродба. Во далечната 1833 година во Велес била отворена првата библиотека во Македонија од Анѓелко Палашев- податок кој е забележан во книгата на Исидор Стојановиќ.
Една година подоцна, во Солун, дојранчанецот Теодосиј Синаитски ја отпечатил многу значајната книга „Служение јеврејског“.[1] Од 282 претплатника дури 145 биле од Велес и 3 од Башино Село. Библиотеката во Велес постоела и пред втората светска војна и располагала со книжевен фонд од 4- 5000 единици, за време на војната тој фонд бил речиси целосно уништен и неупотреблив. Во текот на своето повеќедецениско работење се смениле повеќе колективи и раководни лица и секој оставил белег на своето дејствување и работење во библиотеката.
Местоположба
уредиБиблиотеката по втората светска војна била сместена во близина на плоштад „Сар Маале“, библиотеката работела во просториите на порано познатата градска кафеана „Атина“ за во 2008 година истата била префрлена во зградата на поранешниот Пионерски дом.[2] Интересен е податокот дека еден од директорите на библиотеката била и Рахилка Раца Фирфова која започнала универзалната децимална класификација во Велешката библиотека. Некогаш првата библиотека во Македонија, денес локалната библиотека „Гоце Делчев“ — Велес, веќе од 1978 година била сместена во центарот на градот, во простор поделен на два дела. Во едниот дел бил сместен библиотечниот фонд за возрасни и е поставена импровизирана читална, а во вториот дел се наоѓало одделението за деца. За своите читатели, библиотеката нудела и дневни весници и списанија. Денес библиотеката е сместена во просториите на поранешниот Пионерски дом. На првиот кат од објектот се наоѓа одделот за деца,на вториот кат се наоѓа одделот за возрасни и медиотеката.
Во библиотеката имаː
- Оддел за возрасни,
- Оддел за деца
- Роднокраен оддел
Одделите работат според веб-апликацијата COBBIS користена во повеќе балкански држави. Медиатеката е место каде што членовите можат да ги користат уникатните изданија на библиотеката. Во медиатеката се сместени неколку катчиња на странска литература: англиско, француско и германско катче. Посебно место има Брајовото катче[3] во кое има стотина наслови од македонски и странски автори, што ја вбројува библиотеката во малкуте библиотеки кои располагаат со литература[4] од таков вид.
Книжен фонд
уредиЛокалната библиотека располага со голем библиотечен фонд од книги и публикции кои секоја година се зголемуваат. Библиотеката се грижи за набавка, обработка и одржување на библиотечниот фонд, негово користење и издавање. Покрај бисерите на македонската, европската и светската литература, таа располага и со мало роднокрајно одделение во кое се чуваат сите значајни досега објавени дела посветени на Велес низ историјата. На своите полици библиотеката има ретки изданија меѓу кои и првото издание “Македонски правопис“ од 1945 година. библиотеката располага и со литература на англиски и француски јазик. Со цел матичната библиотека во Велес да се приближи до европските стандарди за библиотечно работење во Европа, тековно се работи на обезбедување на нов простор за вршење на библиотечната дејност, компјутеризација и создавање на основа на податоци за библиотечниот фонд.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ https://makedonskijazik.mk/2010/03/%D1%82%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%98-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8.html
- ↑ http://bibliotekaveles.org.mk/
- ↑ https://nssrm.org.mk/promocija-na-chetiri-brajovi-knigi-vo-vele/
- ↑ https://duma.mk/kultura/kultura/24515-2018-02-09-08-52-13/