Бетар
Бетар (Брит трумпелдор) била еврејска младинска организација во Македонија и функционирала како милитантна ревизионистичка ционистичка организација. Била формирана во Скопје во 1923 година и имала филијала во Битола.[1] Поради милитантниот настап на нејзините членови, била непопуларна меѓу членовите на заедниците и во Скопје и во Битола. Во Скопје кенот го раководел Виктор Аврахам Касуто. Организацијата била во постојан судир со членовите на младинската организација „Хашомер Хацаир“.[2]