Бесконечна циркулација (скулптура во Скопје)
Бесконечна циркулација претставува мермерна скулптура на која е претставен симболот на бесконечноста. Споменикот се наоѓа на Кејот „13 ноември“ во центарот на Скопје. Автор на оваа скулптура е Сашо Саздовски. Скулптурата била поставена во април 2009 година.[1]
Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 36 скулптури во центарот на Скопје.[2]
Наводи
уреди- ↑ Трајковска, Даниела (22 април 2009). „Вечност, како Македонија што е вечна“. Вечер. Посетено на 2011-08-14.[мртва врска]
- ↑ „ИЗБРАНИ 40 РЕШЕНИЈА ОД КОНКУРСОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА“. Премин. Посетено на 2011-07-26.
Оваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |