Бертил Беквал (22 февруари 1923 – 28 октомври 2012 година) бил поранешен шведски фудбалер и тренер. Тој имал најмногу настапи за тимовите на Хамарби ИФ и АИК, а има одиграно и два натпревари за репрезентацијата на Шведска.

Бертил Беквал со АИК

Играчка кариера

уреди

Хамарби ИФ

уреди

Роден и израснат во Стокхолм, Беквал почнал да игра фудбал како младинец во локалниот клуб Сандсборг ИФ. Во 1939 година, тој го одиграл првиот натпревар за Хамарби ИФ во Алсвенскан првата шведска лига. Баквал одиграл четири натпревари во текот на сезоната, кога тимот на Хамарби доживеал испаѓање од лигата. Баквал постигнал два гола во победата од 7:1 против тимот на Гарда БК на 2 јуни 1940 година, што бил еден од најмладите стрелци во Алсвескан лигата,со само 17 години.[1][2][3]

Во Дивизија 2, шведската втора лига, тимот Хамарби АФ завршил помеѓу првите четири екипи во следните шест сезони. Беквал се етаблирал како еден од клучните офанзивни играчи во неговата екипа, заедно со Холгер Нурмела и Курт Кјелстром. Тој во 1942 година го имал големиот пробив во својата играчка кариера играјќи 18 натпревари и постигнувајќи дури осум гола. Неговиот тим на крајот на сезоната се нашол на второто место зад тимот ИК Браге со ист број на бодови, но полоша гол разлика. Таа сезона тимот на Хамарби не успеал да влезе во првата лига пропуштајќи го местото за влез во плеј-офот.[3][4]

Во 1943 година, Беквал поминал неколку сезони со ривалскиот клуб АИК, но трансферот на крајот пропаднал.[3] Беквла го направил своето деби за репрезентацијата на Шведска на 26 август 1945 година, додека сè уште играл во домашната втора лига, во пријателска победа од 7–2 против фудбалската репрезентација на Финска.[5]

Тој го напуштил Хамарби во летото 1946 година, заменет како лево крило од идната клупска легенда Ленарт Скоглунд, кој ќе стане еден од најреномираните шведски играчи.[6]

АИК Стокхолм

уреди

Во 1946 година, Беквал извршил трансфер во тимот АИК кој играл во Алсвенскан, првата шведска лига. Својот прв натпревар за клубот го имал на 8 септември истата година, во победата со 2:1 на домашен терен против тимот на Дегерфорс ИФ. Тој бил чест стартен играч во тимот, и бил препознатлив по неговото играчко темпо и одличната ефикасност во постигнувањето на голови. Други клучни играчи во тој период во тимот биле: Берје Леандер, Суне Андерсон и Хенри Карлсон.[3]

Тимот на АИК во наредните четири сезони завршувал како четврто пласиран, но не успеал да ја освои Алсвенскан, шведската прва лига и шведското првенство во фудбал.[3] Во тој период Беквал заедно со АИК го освоил Свенска Куп, шведскиот фудбалски куп и тоа во сезоните 1949 и 1950.[7] На 13 мај 1949 година, Беквал го одиграл својот втор и последен натпревар за Шведска, во импресивната победа од 3:1 против тимот на Гордиот Албион, Англија.[5]

Во 1950-1951 година, клубот доживеал испаѓање од најдобрата шведска лига и тоа за прв пат во својата историја, но Беквал решил да остане во фудбалскиот клуб АИК. Следната сезона тимот на експресен начин се вратил во првата лига по само една сезона помината во втората лига.[3]

Тој решил да се повлече од професионалниот фудбал во 1953 година, по седум цели сезони поминати во клубот, и тоа поради повредена ахилова тетива. Беквал одиграл вкупно 133 првенствени натпревари за тимот на АИК и постигнал 40 голови.[3]

Тренерска кариера

уреди

Во 1954 година, Беквал станал и играч и тренер на локалниот клуб од Стокхолм Хагалунд ИС кој се натпреварувал во пониските лиги, каде што останал една сезона. Подоцна работел како тренер во младинскиот тим на АИК од Стокхолм.[3]

Баквал бил донесен во тимот на Остер ИФ во 1958 година. Тој бил и играч и тренер во текот на неговите први две сезони. Тој пред да започне да работи како тренер со полно работно време, бил тренер и играл вкупно 3 сезони. За време на неговиот ангажман, клубот на Остерс бил промовиран од трето ниво Дивизија 3 во второ ниво Дивизија 2. Тој е заслужен за воведувањето во тимот на работна етика и професионализам, но сепак заминал од него во 1963 година.[8]

Подоцна работел како тренер во тимовите на Калмар ФФ и ИК Браге во втората лига.[9][10]

Наводи

уреди
  1. „1940“ (шведски). HIF Historia. Посетено на 1 February 2021.
  2. „Allsvenskans yngste målgörare“ (PDF) (шведски). Bolletinen. Посетено на 1 February 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „Bertil Bäckvall - AIK:s vänsterytter“ (шведски). AIK. Посетено на 1 February 2021.
  4. „1942“ (шведски). HIF Historia. Посетено на 1 February 2021.
  5. 5,0 5,1 „Landslagsdatabasen: Bertil Bäckvall“ (шведски). Swedish Football Association. Посетено на 1 February 2021.
  6. „1947“ (шведски). HIF Historia. Посетено на 1 February 2021.
  7. „Svenska cupen: De 8 titlarna“ (шведски). AIK. Посетено на 1 February 2021.
  8. „Föreningen, historik, profiler“ (шведски). Östers IF. Посетено на 1 February 2021.
  9. „Historia“ (шведски). Kalmar FF. Посетено на 1 February 2021.
  10. „Historisk sammanfattning“ (шведски). IK Brage. Архивирано од изворникот на 2021-11-28. Посетено на 1 February 2021.

 Надворешни врски

уреди