Бернардинецот е огромно куче. Просечната тежина на расата е меѓу 65 и 120 кг. или повеќе, а просечната висина изнесува 70 и 95 см.[2] Бернардинецот е гордост на Швајцарија, но ова куче заради својата убавина, симпатичен и тажен поглед и исклучителна добродушност, покрај во својата матична земја ужива углед ширум светот. Покрај тоа, ова е исклучително куче кое се користи за пронаоѓање и спасување на исчезнати, измрзнати и луѓе затрупани од снежни лавини во планинските масиви.

Бернардинец
Бернардинец
Други називи Бернардинец
Алпски мастиф (архаично)
Прекари Светец
Потекло Франција, Швајцарија и Италија, стандардно чуван во Швајцарија[1]
Особености
куче (Canis lupus familiaris)

Опис

уреди

Крзното му е мазно или грубо. Грубото крзно му е густо. Обично е со црвеникава боја прошарано со бело или понекогаш крзното е тигресто махагони со бели шари. Опашката му е јдолга, тешка. Има спуштени капаци, очите најчесто му се кафени. Ушите спуштени и црни.[3]

 

Особености

уреди

Англичаните го нарекуваат светец, бидејќи има способност однапред да чувствува лавина, невреме и земјотрес. Бернандинецот со своето херојство на снегот стана легенда, но сепак денес тој може да се набљудува како чувар на куќата и трпелив пријател на децата. Ги штити согледувајќи ја опасноста, и храбро ги брани. Благодарејќи на неговата големина и сила, Бернандинецот не се плаши од ниеден противник. Покрај карактерните квалитети ова куче ги соединува убавината, стабилноста и способноста да се приспособи на секаква клима. Поради ова, многу пријатели на кучињата го сакаат како свој придружник, чувар и заштитник.

Историја

уреди

Ваков каков што го знаеме потекнува од 10 век, во манастирот Свети Бернард, кој го основал отецот Бернар од Монтана, на Алпите во Швајцарија. Овој манастир бил средиште за чување на првите бернардинци - кучиња чувари кои уште тогаш се користеле за спасување на луѓе. Таа улога ја имаат и денес. Во 1800 преку Алпите поминал Наполеон со војска од 30.000-40.000 луѓе. Имало многу снег и многу ранети и мртви војници. Монасите овие кучиња ги ставиле во функција на придружници и спасители на војниците.

Легендата за Бери

уреди
 
Бери, спасувачко куче

Од 1800—1812 во манастирот живеел и Бери, легендарниот бернардинац. Бери бил силен, добродушен пес кој заедно со другите кучиња ги спасувал луѓето затрупани во снегот, залутаните или премрзнатите патници. Во тек на животот спасил 40 луѓе. Поради несреѓен случај 41 човек кој требал да го спаси му задал смртоносни убоди со нож при што угинал. Споменикот на Бери се наоѓа на островот Рамиз близу до Париз.[4]

Темперамент

уреди

Ова куче е мирно и послушно. Надарено е со предвидување атмосферски промени. Се случува да не поднесува помали кучиња но внимателен е со деца. Некогаш се користел за пронаоѓање на заталкани алпинисти. Бернардинецот е храбро и верно куче и сака простор и редовно движење. Не е прикладен за урбано живеење. Женките повеќе се врзуваат со семејството додека мажјаците се похрабри и поагресивниа.[5]

Здравје

уреди

Бернардинецот нема долг животен век. Просечно живеат 7-9 години. Имаат осетливо срце и ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем е голем, особено кога се постари. Брзо расте и достигнува 50% од својата тежина уште на 5 месеци.Втората фаза на растење, е од 8. месец до 18 - 24. месец, и е фаза на консолидација на целиот организам и развојот на мускулната маса.

Во САД и Велика Британија успеле да го продолжат животот на кучето од 8-10 години. Во 2003. године данската раса кучиња доживеала 9,5 година. Во Британија еден Бернардинец живеел 12 години и 9 месеци и се смета за куче со најдолг животен век.[6][7]

Старост на Бернардинацет 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
Старост на човекот 14 22 31 40 49 58 67 76 85 94 100 106

Литература

уреди
  • Stenmark, Betty-Anne. A New Owner's Guide to Saint Bernards. New Jersey, U.S.A.: T.F.H. стр. 23–25. ISBN 0-7938-2810-4.
  • Walker, Joan Hustace (1998). Saint Bernards A Complete Pet Owner's Manual. Hong Kong: Barrons. стр. 14–22. ISBN 0-7641-0288-5.

Наводи

уреди
  1. [1], Fédération Cynologique Internationale: Saint Bernard Breed Standard. Retrieved 9 August 2016
  2. „Australian National Kennel Council“. Ankc.org.au. 15 December 2011. Архивирано од изворникот на 2015-07-25. Посетено на 25 July 2015.
  3. „Australian National Kennel Council“. Архивирано од изворникот на 2009-05-04. Посетено на 2017-10-19.
  4. „Историјат, легендата за Бери“. www.bernardinci-miki.com. Посетено на 2017-10-19.
  5. „Bernardinac (karakteristike rase i adekvatan odgoj)“. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 2017-10-19.
  6. Stenmark, Betty-Anne. A New Owner's Guide to Saint Bernards. New Jersey, U.S.A.: T.F.H. стр. 23–25. ISBN 0-7938-2810-4.
  7. Walker, Joan Hustace (1998). Saint Bernards A Complete Pet Owner's Manual. Hong Kong: Barrons. стр. 14–22. ISBN 0-7641-0288-5.