Берлин Александерплац (филм)
„Берлин Александерплац“ (германски: Berlin Alexanderplatz) – филм на режисерот Бурхан Ќурбани (Burhan Qurbani) од 2020 година. Автори на сценариото се Ќурбани и Мартин Бенке (Martin Behnke), а главните улоги ги играат: Велкет Бунгуе (Welket Bungué), Албрехт Шух (Albrecht Schuch) и Јела Хасе (Jella Haase). Филмот е заснован врз истоимениот роман на Алфред Деблин (Alfred Döblin) од 1929 година. На Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, филмот бил номиниран за наградите „Златна мечка“ и „Теди“, додека на Меѓународниот филмски фестивал во Стокхолм, режисерот ја добил наградата за најдобар филм, а Бунгуе ја освоил наградата за најдобар глумец.[1]
Синопсис
уредиОткако го преживува опасното патување, Френсис се заколнува дека ќе биде добар човек, но набргу сфаќа дека не е лесно да се живее праведно како илегален доселеник во Германија – без документи, без државјанство и без работна дозвола. Кога од криминалецот Рајнхолд ќе добие примамлива понуда за лесна заработка, Френсис најпрвин му одолева на искушението, но најпосле е вовлечен во берлинското подземје и така ја губи контролата врз својот живот...